Францускиот телекомуникациски оператор Orange, во текот на оваа недела ја започна својата нова едукативна кампања во врска со употребата на 5G технологијата во Луксембург и Франција – „Најиновативната работа во врска со 5G е што ќе направиме со него“.Видео кампањата, што ја емитуваше операторот Orange и е во продукција на „Publicis Conseil“, ја демонстрира моќта на 5G мрежите за поддршка на иновациите во образованието, културата, забавата, здравствената заштита, транспортот и многу повеќе. Зборувајќи за почнувањето на кампањата, Извршниот директор на Orange за комуникација, бренд и ангажман, Беатрис Мандин рече: „За Orange, 5G претставува позитивен прогрес, бидејќи ќе биде корисен за нашето општество. Од лансирањето на кампањата, најголем дел од фокусот е ставен на техничките и функционални аспекти на 5G. Сакавме да ја надминеме оваа димензија, со цел да ја подигнеме свеста на пошироката јавност за многубројните случаи на користење што ги овозможува оваа мрежа од следната генерација. Секој сектор ќе има корист од позитивниот придонес на 5G: здравствената заштита, забавата, индустријата, транспортот итн. Најиновативната работа во врска со 5G технологијата е што Orange и неговите корисници ќе направат со неа“.







