Героски ме прозвал на туѓи ѕидови (зашто не сме фб пријатели), па еве тука да споделам што одговорив:
Героски:
„За разлика од Марјан, јас сум барем малку самокритичен, па во колумната, кога велам „буљаши“, зборувам во прво лице множина. Не ја разбирам претераната чувствителност, уште помалку поврзувањето на зборот „буљаши“ со хомосексуалноста, во контекстот во кој јас го употребувам (тоа е ситно подметнување, недозволиво за некој што сака да „побива“ со аргументи).
Нејсе… Инаку, не знам, драг Марјан, кој е виновен што децата не читаат и не гледаат театарски претстави и филмови. Ти си претставник на организацијата која се нарекува и младинска и образовна (со право, бидејќи сметам дека сте солидна НВО), па ти треба да ни кажеш зошто е тоа така. Кажи ни, на пример, колку е зголемена навиката за читање со вашите активности (или со било чии други активности), кажи ни што се случува со библиотеките во македонија, кажи ни колку книги и списанија се поддржани, колкави им се тиражите и слично.
Можеби тоа не е тема што те засега и на која си посветен, но тоа е темата на мојата колумна. И тоа е нешто што мене ме засега. Ако немаш против…”
Јас:
„Ајде Героски, одиме ред по ред.
01) Информацијата дека младите го најмногу го користат интернетот за информирање и едукација е факт (утврден со научно-методолошко истражување), а не теза која би можела да се побива или поддржува. Повели, направи друго истражување и покажи дека е обратно. Ти тврдиш дека тој факт бил лага и манипулација. И од таму доаѓа нашата чувствивтелност, што ни се негираш 9-месечен труд, особено што околу ова прашање никој во државава нема дилема, освен ти;
02) Околу “Буљашите”. Ти тврдиш дека младите биле буљаши, а и возрасните станувале такви. Значи, според тебе младите секако се буљаши, а другите стануваат, ама не се. Значи, не зборуваш баш во прво лице множина, туку првично во трето лице множина, мислејќи на младите. Што за тебе значи зборот “буљаши” јас не знам, јас само напишав што мислам дека за другите значи. Види си ти тоа, објасни и на твојата публика што тебе ти значи буљаш и зошто дури и во наслов си го употребил;
03) Велиш, темата на колумната била навиките кај младите да (не)читаат книги. Па, не изгледа баш така, повеќе личи дека го дискредитираш истражувањето, а со тоа и нас (нарекувајќи ги фактите лаги и манипулации) и чепкајќи по нашите активности. Не сме ние криви Героски што постои интернетот и што младите повеќе читаат онлајн отколку хард копи. А, по однос на тоа колку ние влијаеме врз навиките за читање, провери ги нашите публикации, кои за волја на вистината во последно време се во голема мера онлајн, а помалку печатени, а ние немаме проблем со тоа: http://www.mof.mk/publikacii/.
04) Оди на ѕид кај Милчин, објаснува повеќе за “библиотекарските” активности на другите организации.
5) Сумарно, се двоумам дали со колумнава си направил превид, грешна проценка и од сегашна перспектива не би ја објавил повторно… или пак си имал други намери кои не се јасно назначени во колумната, имајќи во предвид дека не ти е прв пат да ги оспоруваш нашите проекти и намери.”
Фејсбук објава од Марјан Забрчанец на денешен ден пред 7 години.