ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мухамед Али Јашари кој беше убиен обидувајќи се да го спаси соученикот, на предлог листата со имиња за улици и други објекти

February 17, 2021 16:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На листата на имиња на улици, плоштади, мостови и други објекти на Град Скопје, се најде и името на матуранотот Мухамед Али Јашари кој  почина во април 2011 кога се обиде да го спаси својот соученик Дарко, кој беше нападнат од група ученици во дворот на училиштето „Здравко Цветковски“.

За убиството на Јашари на 13 години затвор беше осуден Петар Маневски, кој со удар од камен ја предизвика смртта на матурантот.

Во 2013 беше покрената кампања на Фејсбук во која беа повикани кандидатите за градоначалници во Скопје да изградат споменик во чест на еден млад етнички Албанец, што беше убиен додека се обидувал да го заштити својот пријател Македонец од напаѓачи.
„Чувањето на сеќавањето на делото на загинатото момче, игнорирано од сите релевантни државни институции што можат да му дадат заслуга, ќе придонесе за единство меѓу сите луѓе кои живеат во Скопје и во Македонија….Пред вториот круг од локалните избори, што треба да се одржат на 7 април, да дадат ветување дека ќе изградат најмалку скромен споменик во знак на сеќавање на херојството на 19-годишниот Мухамед Али Јашари.“, пишуваше на страницата на Фејсбук, креирана за оваа кампања.
***

Градоначалникот Петре Шилегов објави какви би биле промените. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име

„Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје.

Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими.

Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот.

И. Т. З. 

Next Post

Третманите со пијавици сè уште популарни во Русија

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk