ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Вакцинацијата не заврши за еден ден

February 19, 2021 14:46
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на Фејсбук пласира погрешна информација дека имунизацијата со вакцините на „Фајзер“ кои стасаа од Србија, ќе почне и ќе заврши во еден ден, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.

Во постот е пренесен текст кој уште во самиот наслов тврди: „Во среда почнува и завршува вакцинацијата, од четврток чекаме нови вакцини“.

Но, тоа не е точно. Никој од здравствените власти не изјавил дека вакцинацијата со добиените вакцини ќе се спроведе за еден ден – во среда (17.02.2021).

Во неделата – 14.02.2021 г. на граничниот премин „Табановце“ пристигна првата пратка на вакцини против ковид-19 од Република Србија – 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“. На примопредавањето имаше делегација од Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ и делегација од земјава предводена од премиерот Зоран Заев. Тогаш во изјава за медиумите министерот за здравство, Венко Филипче изрази благодарност до српската влада што отстапи дел од нивните вакцини. Еве што точно кажа Филипче во изјавата:

„Еве оваа криза покажа дека солидарноста е битна, дека не постојат граници, дека не постојат нации. Сакам да изразам  благодарност до Владата на Република Србија што отстапија дел од нивните вакцини. Ние сме целосно спремни да ги прифатиме, вакцините се веќе на пат да бидат сместени во соодветните фрижидери. После најавата на „Фајзер“ во петокот касно вечерта, ние во текот на вчерашниот ден работевме, го потпишавме трипартитниот договор, што беше практично услов да се случи оваа донација од Србије и еве вакцините се денеска во нашата земја. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.“

Како што може да се види, министерот вели дека имунизацијата започнува во среда, но не кажува дека истиот ден ќе заврши. Филипче во оваа изјава воопшто не спомнува колку време ќе биде потребно за да се дадат вакцините од првата добиена пратка.

Тоа што се тврди во постот на Фејсбук  и во самиот напис што е линкуван, е паушално и погрешно.  Во конкретниот случај е направена произволна проценка дека 2.340 медицински лица ќе ја примат првата доза во еден ден. Притоа текстот се повикува на „најавата на Филипче и Владата дека здравствениот систем има капацитет од 2.000 до 2.500 луѓе дневно“.

Но, за каква најава на Филипче всушност се работи?

На 6 февруари министерот за здравство на прес-конференција информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини за ковид-19 од Кина, со што ќе се обезбеди вакцинација на 100 илјади граѓани. Филипче тој ден соопшти дека Договорот за набавка на вакцините ќе се потпише во понеделник  (08.02.2021) и рече дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакацинацијата која ќе се врши преку постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови.

„На дневно ниво, од вакцината на Синофарм и со работа на пунктовите во полн капацитет очекувам да вакцинираме од 2000 до 2500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица“, кажа Филипче.

Значи, министерот тогаш говори за кинеската вакцина и капацитетот на сите вакцинални пунктови во државата, каде што очекува дневно да се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани, а не само на пунктот во модуларната болница кај Инфективната клиника.

Што се однесува, пак, до процесот на вакцинација на здравствените работници кој започна со пратката вакцини на „Фајзер“ од Србија, министерот Филипче во гостувањето на „Сител“ (16.02.2021) рече дека ќе се вакцинираат по 300-400 лица на дневно ниво.

На 17 февруари во модуларната болница започна вакцинацијата на здравствените работници кои работат на клиниката, а во оваа прилика Филипче  за медиумите кажа дека:

„Капацитетот на овој пункт е 500 лица на ден, ние започнавме со 350. За најмногу 10 дена ќе се извакцинираат сите здравствени работници.“

Истиот ден министерот за здравство  во интервју за телевизија „Телма“  рече дека кога ќе почне вакцинацијата на населението на сите пунктови ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани на ден.

„Станува збор за вакцинирање од 300-500 луѓе на ден само на овој пункт на Инфективната клиника. Зашто сакаме сите вработени кои работат со ковид да бидат вакцинирани централизирано и со таа динаминка ќе стигнеме многу брзо со вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со Ковид.

Системот за вакцинација потоа ќе се дисперзира низ сите пунктови во државата. Капцитетот е меѓу 2 и пол и 4 илјади на ден и за кратко време може еден сериозен процент од населението да се вакцинира“, вели Филипче.

Вакцинација на мединцинскиот кадар се вршеше и во текот на вчерашниот ден, а според сегашната динамика вакцините  на „Фајзер“ кои ги добивме од  Србија ќе бидат ставени за десет дена. Така што, тврдењето изнесено во постот е неточно, пишува Вистиномер.мк.

 

Next Post

Бонева: Платените ботови и портали по наредба пишуваат гадости и прават жените политичари да се плашат и да молчат за да не бидат растргнати по директива

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk