Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по повод бегството на Сашо Мијалков.
Денеска за Мијалков беше распишана и меѓународна потерница. Полициски екипи го бараат од вчера, откако не успеале да му го врачат решението за куќен притвор, издадено од скопскиот Кривичен суд.
Пресудата за Мијалков, кој е обвинет во предметот за масовно прислушување „Тврдина-Таргет“ треба да биде соопштена в петок.