Првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески ставил потпис на актот со кој е повлечена жалбата за притвор на Сашо Мијалков. Оваа одлука е донесена во момент кога полицијата го бараше Мијалков.
Но, во разговор за ТВ24 Љубомир Јовески остава простор за промени на оваа мерка по изрекување на пресудата. На прашањето зошто Обвинителството не побара притвор уште еднаш кога поранешниот шеф на УБК сам се појави, Јовески за ТВ24 одговори:
– Жалбата е повлечена оти во тој момент репението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. овбинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство, а во петок е објавувањето на пресудата ќе се разгледуваат мерките за присуство на обвинетиот.
Сашо Мијалков повеќе од 24 часа е во домашен притвор. Се легитимира и се претресуваат возила во близина на неговиот дом. Иако во решението за куќен притвор е определено целодневно аудио и видео следење со електронска алка, сепак тоа не се спроведува бидејќи во Македонија не профункционира пробацискиот систем.
Извор: ТВ24