ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

,,Дара од Јасеновац” – филм што го крена Балканот на нозе

February 25, 2021 19:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Се чини дека ниеден филм од поранешна Југославија не предизвика толку коментари и реакции како „Дара од Јасеновац“. Откако беше премиерно прикажан во кино во Грачаница, сè до трката за влез во конкуренција за „Оскар“, а потоа и елиминацијата од трката, до премиерата во САД кон средината на јануари и неодамна на националните телевизии, прашината зад овој филм никако да стивне.

И не само во Србија, туку и во регионот. Така, „Вечерњи лист“ наведува: „Никој не може да негира дека се случиле страшни злосторства во Јасеновац, дека децата биле задушени со плин, луѓе биле убивани со чекан и заклани со големи ножеви, но тоа не значи дека од овие ликови треба да се направат карикатури.“

Порталот наведува дека откако во последните неколку недели филмот стана дело за кое сите знаат, иако сè уште го немаат гледано, филмот на Предраг Антонијевиќ „Дара од Јасеновац“ беше прикажан во ударен термин во саботата вечерта на јавниот сервис во Србија.

– Мора да се признае дека тоа беше прилично чуден и незабележан потег досега бидејќи вообичаеното правило е филмовите најпрво да се прикажуваат во киносалите, а дури потоа на телевизија – наведува „Вечерњи лист“.

Како што пишува „Вечерњи лист“, првите рецензии од американските медиуми го закопаа филмот, нагласувајќи дека станува збор за евтина српска пропаганда насочена против Хрватите и католичката црква. – Дали е навистина така? И да и не. Имено, „Дара од Јасеновац“ очигледно се преправа дека е еден вид српска „Шиндлерова листа“, филм што зборува за страдањата на една нација и фашистичките злосторства. Но, „Дара“ не успева во најважното – главното дејство и површно напишаните ликови.

Порталот наведува и дека Антонијевиќ направил неколку фактографски грешки.

– Имено, усташите во филмот носат црни униформи, иако е добро познато дека службената униформа беше светлозелена, а само членовите на Црната легија носеле црни униформи. Веројатно на тој начин сакал дополнително да го долови злото.

Хрватскиот критичар Ненад Полимац за „Јутарњи лист“ вели дека режисерот направиш грешка кога го „турнал“ филмот да учествува во наградите „Златен глобус“ и „Оскарите“ затоа што се нашол во друштво каде што не припаѓа.

Полимац наведува дека српската држава вложила многу пари во филмот, а експлицитната бројка на српската „Википедија“ е три милиони евра.

– Слаткоречивиот режисер Предраг Антонијевиќ го увери Филмскиот центар на Србија дека филмот има шанси за „Оскар“ и „Златен глобус“, веројатно сето тоа го поткрепи со своите добри врски во Холивуд, најде и американски дистрибутер, но тоа беше сè што направи – вели Полимац

Според овој хрватски критичар, немало поддршка од американските критичари, иако имало позитивни критики. Сепак, двата највлијателни „Варајети“ и „Лос Анџелес тајмс“ го оцениле филмот крајно негативно, нагласувајќи дека е антихрватска, антикатоличка и просрпска пропаганда.

За филмот имал што да каже и хрватскиот теолог и историчар Горан Шариќ, кој истакнува дека „Дара од Јасеновац“ покажал дека Србите не го разбираат усташкото зло.

– Филмот не објасни кој и зошто убил стотици илјади Срби, Евреи, Роми и Хрвати во десетици логори и безброј места низ селата на Независна Држава Хрватска. Не ја објасни генезата на злото – истакнува тој.

Историчарот додава дека не е возможно во ниту една книга или филм да се прикаже она што тогаш се случувало, но дека е за пофалба тоа што некој се обидел да го прикаже.

– Проблемот на филмот не е патетиката, ни црно-белото прикажување на ликовите. Секој  воен филм или секој филм за Сребреница има стопати повеќе патетика. Проблемот е во тоа што филмот, ако е создаден за меѓународната публика, не објаснува кој и зошто убил стотици илјади Срби, Евреи, Роми и Хрвати. Не ја објаснува генезата на злото. Не го потпиша, со име и презиме – наведува Шариќ.

Тој вели дека режисерот и сценаристот покажале целосно неразбирање на историјата, духот на тоа време, духот на усташкиот клеро-фашизам.

– Усташите беа ладни и мирни садисти, злобни, лигави, но и сталожени. Да го снимав филмот јас, за улогите би ги зел денешните негирачи на усташкиот геноцид – вели Шариќ.

Не е само филм, туку и минато

За Јово Шаровиќ, „Дара од Јасеновац“ не е филм, туку негово минато со кое живее 84 години.

Тој имал среќа да преживее, додека многу деца не успеале. Бил однесен од сиропиталиштето во Јасеновац на 4-годишна возраст, а излегол на 8-годишна возраст.

– Филмот е целосна вистина, сè е вистина. Можеби е малку поблаго прикажано, но е вистинито. Што сè се правеше со децата, како децата полека умираа – вели тој.

Гледал како децата умираат од глад, исцрпеност, тортура… Според него, тие добивале храна онолку колку што може да се смести во детската рака. Тие јаделе лисја, корења и остатоци фрлени на свињите.

– Замислете, секој ден умираат 30 деца, за десет дена се 300, за еден месец 900, а да не мрднат со прст, но затоа доаѓа транспортот на други 900 деца и така натаму – додава Јово.

извор: https://www.fakulteti.mk/

Next Post

Борисов е за електронски пасош за вакцинирани и луѓе што прележале Ковид-19 за слободно патувањe

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk