пишува: РИБАРО
Изворите на АХА од белата палата јавуваат дека изминативе неколку денови, Христијан Мицкоски организирал фешти во белата палата на вмровците.
Поводот за тоа бил што Мицкоски си ја славел победата на предвремените парламентарни избори кои ги нема ни во најава.
Активностите биле засилени после бегањето на Мијалков од правдата, а фештата во белата палата продолжили и после појавувањето на Мијалков пред органите на прогонот.
Сопартијците од пред два дена се обидувале да му укажат на Мицкоски дека од предвремени избори нема да има ништо, но овој упорно инсистирал да се продолжи со славењето на победата.
– Шефе, се појави Мијалков, малку да не е незгодно со славењава? Она Заев здраво му нагазил на врат, па овој нашиов подви опаш, некако нема смисла повеќе да одиме со триумф расположение, освен нели да славиме дека сепак нема да има предвремени избори, па нема да попиеме уште еден пораз во низа.
– А бе уживајте во моментот, што ви е?! Како деновиве, поблиску до победа на избори никогаш не сме биле, а верувај ми никогаш нема ни да бидеме.
– Шефе, се скина тапанот.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK