ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Забелешките на јавноста вградени во финалниот предлог за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

February 25, 2021 09:53
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Министерството  за  животна  средина  и  просторно  планирање  известваат дека спровеле широк процес на јавна консултација по Нацрт‐законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, во времетраење од четири месеци.

Оттаму нагласуваат дека по завршените консултации и анализата на пристигнатите мислења и коментари од јавноста се пристапи кон ревидирање на Студијата за валоризација на природните вредности и Социоекономската студија од страна на експертскиот тим, со дополнителен ангажман на експерти од Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN), ангажирани од Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина во соработка со МЖСПП.

„Беа одржани дополнителни средби со клучните засегнати страни и локалното население за усогласување на различните забелешки и барања по што беше доставен Анекс на Студијата за валоризација со ажуриран предлог за зонирање на идниот национален парк кој е достапен на следниот линк: https://bit.ly/3qWVofw .

Дополнително беа организирани и теренски посети, прибирање на податоци и стручни консултации при што како резултат произлегоа:

–  Ревизија на Студијата за валоризација и предложеното зонирање на НП Шар Планина,

–  Компаративна анализа и усогласување со соседните национални паркови (Република Северна Македонија и Косово), како и меѓународна пракса (Австрија, Германија и Словенија),

– Анализа на релевантните членови на Законот за заштита на природата и другата релевантна легислатива,

– Анализа и ажурирање на релевантните членови во Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Финалниот предлог за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк е преточен во Предлог на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата II – Национален парк и е достапен на следниот линк: https://bit.ly/2P1KB5q .“, се наведува во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Next Post

Дванаесетта средба на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk