ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потенцијални нови германски инвестиции најавени на третиот состанок на Заедничкиот економски комитет

February 26, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Можни се нови германски инвестиции во земјава, најави денеска делегацијата на СР Германија на третиот состанок на Заедничкиот економски управувачки комитет. Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на состанокот кој се одржува по подолга пауза поради корона кризата, станало збор за повеќе теми за продлабочување на билатералната соработка.

-Знам дека доаѓа време во кое мора да се адаптираме на европските стандарди и закони во сите сфери и сметам дека е подобро тоа да го направиме порано за да влеземе во Европа подготвени, рече Битиќи на отворањето на третиот состанок. СР Германија, нагласи Битиќи, не е само нашиот најважен трговски партнер, туку е и голем поддржувач на македонските евроатлантски интеграции.

Според него, со Германија имаме интензивна економска соработка која од година во година е се позначителна.

-Продолжуваме да ги негуваме односите помеѓу двете земји. За Република Северна Македонија соработката со Сојузна Република Германија и клучна и витална, од особено значење поради големиот број остварени соработки низ годините наназад, како и поради големиот волумен на трговска размена. Заедничкиот Комитет е платформа од која произлегуваат нови идеи и се адресираат актуелни предизвици и токму затоа е во кохезија со нашата заедничка цел – одржување и негување на соработката и реализирање идеи од кои ќе има бенефит за сите, истакна Битиќи и потсети дека веќе имаме две добри вести од две германски компании кои планираат проширување на своето производство во земјава.

Вицепремиерот укажа на важноста на сите теми кои се отворија на состанокот и го реафирмираше ставот за отвореноста на Владата за придвижување на сите проекти.

Германската амбасадорка, Анке Холштајн изрази благодарност за работата и континуитетот на Комитетот, како и за ставањето акцент на германската бизнис заедница, што, оцени, е од особено значење за билатералните односи помеѓу двете земји.

Копретседавачот на заедничкиот управувачки комитет, номиниран од Министерството за економија и енергетика на СР Германија, Хелге Толксдорф ја претстави својата визија за работата на Комитетот, посочувајќи дека ова тело покрива сериозни и многу важни теми за двете земји. Затоа, подвлече Толксдорф, неговата работа треба да биде континуирана и постојана.

Министерот за економија, Крешник Бектеши се осврна на трансформацијата на енергетскиот сектор.

Рече дека Република Северна Македонија во последните три години успеала многу да напредне во секторот енергетика, особено во производството на енергија од обновливи извори. – Нашата земја е посветена да биде во чекор се европските стандарди и постепено да го адаптира системот на нив, истакна Бектеши.

Претставниците од четирите најголеми македонски комори, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија, ги искажаа својот заеднички став во врска со бизнис климата во земјата, како и за соработката со Германија, потенцирајќи дека постои огромен потенцијал за унапредување кој допрва треба да биде искористен.

На состанокот беше посочена и програмата за практична работа помеѓу двете земји, со која кандидати од Република Северна Македонија можат да се стекнат работно искуство во германски компании. Тоа, истакнаа учесниците, е од особено значење за концептот на дуално образование во кој компаниите и училиштата соработуваат./МИА/

Next Post

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, 70 отсто од новите случаи се со британски сој

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk