ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Следните неколку дена ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини, најави Филипче

February 27, 2021 12:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази уверување дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против Ковид – 19 и кинеските и руските.

– Не би сакал сега да шпекулирам, сакам да бидам прецизен  тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малку периодот. Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од  Фајзер за којшто го очекуваме драфт  договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после поптишувањето на договорот и секако со кинеската, изјави министерот Филипче, кој денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар.

Прашан дали овој одговор се однесува за кинеските или за руските вакцини, Филипче одговори дека сега зборува за двете количини на вакцини.

– Сакам да потенцирам уште една работа, правевме анализа и да упатам и да ја искористам приликата да упатам апел од регионот, од Гостивар преку сајтот и преку матичните лекари се пријавени навистина малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години околу 1.500, близу 6.000 граѓани.Прво апелирам матичните лекари од Гостивар и од регионот  да ги пријавуваат граѓаните своите над 70 години со хронични болести со првата следна приоритетна следна група да се пријавуваат и да ги внесуваат податоците  во системот мој термин зараеди  тие ќе бидат првите веднаш после лекарите и медицинските сестри од Гостивар. Огромен процент ми се чини практично сите  лекари сестри коишто работат со ковид пациенти се веќе вакцинирани, рече министерот за здравство.

На новинарско прашање што со оние граѓани што не сакаат да се вакцинираат, Филипче потенцира дека со интензивна комуникација преку матичните лекари, преку кампањата која што следи треба да се подигне свеста.

– Тоа е единствениот начин со која што ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент ситуаицијата во Гостивар е навистина стабилна, по десетина хоспитализирани  пациенти. Меѓутоа, тоа не е знак дека граѓаните сега треба да се опуптат и да не се носат маските или да не се држи дистанца заради тоа што гледаме какви зголемувања на бројките, еве во некои други градови, Кавадарци, Прилеп и Охрид  сега се навистина со зголемен број дијагностицирани, но и хоспитализирани пациенти.Така да се надевам дека граѓаните ќе се придржуваат до мерките псоебно сега кога има згоелен број дијагностицирани пациенти со британската варијанта на вирусот којашто многу полесно се пренсува заради тоа што тоа се мерките до коишто и понатаму ќе мора сите да се придржуваме, изјави Филипче.

Тој најави дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.

– Нема таква индиција заради тоа што порастот не е таков како што беше почетокот на ноември. Има благ пораст што не е ризик за болничките капацитети, но секако е причина да бидат граѓаните апсолутно многу внимателни, истакна министерот Филипче.

извор: МИА

Next Post

Проширен објектот од кумановската градинка „Ангел Шајче“

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk