ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Кинеските вакцини многу скоро ќе ги имаме во земјава

February 28, 2021 19:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека авансот за кинеските вакцини против Ковид-19 е повлечен, нагласувајќи дека тоа е направено за наша сигурност. Филипче потенцира дека и покрај тоа разговорите за овие вакцини се во завршна фаза и дека тие за многу скоро ќе бидат во земјава.

-Тоа го направивме за наша сигурност, секако. Никако не значи дека нема да стигнат вакцините, но со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа многу често ни укажуваат. Се врати дел од средствата, но навистина преговорите сега овие денови па дури и за време на викендот ми се чини се во последната фаза и мислам дека сега целокупниот тој процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу скоро ќе пристигнат во нашата земја, рече Филипче во изјава за телевизија Канал 5.

Во однос на вакцините од Ковакс механизмот, министерот за здраство рече дека оттаму за март се најавени 20 до 30.000 вакцини од АстраЗенека. Филипче посочи дека интензивно се разговарало и со производителот на руската вакцина Спутник V, за што верува дека во текот на оваа недела ќе имаме и конкретни податоци. Исто така, се чекаат и иформации од преставништвото на Фајзер и дека драфт договорот ќе пристигне.

-Тоа беше интензивна комуникација за размена на бројни документи така што мислам дека тој процес е навистина заокружен и тоа што сега се очекува во делот на Фајзер вакцината е да стигне драфт договорот од адвокатската канцеларија на оваа компанија во Њујорк, изјави Филипче.

Министерот вели дека компаниите имаат свои барања од приемот, одговорностите во делот на вакцините и дека тоа е процес што важи за секоја земја во светот.

Нашиот здравствен систем, според Филипче е подготвен за вакцинирање на населението и засега вакцинацијата одлично се спроведува.

-Околу 2.400 медицински работници се веќе вакцинирани и таа бројка веќе во следнава недела ќе достигне 4.000, значи ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници што работат со ковид пациенти, рече министерот за здравство Венко Филипче. 

 

извор: МИА

Next Post

Јужноафрикански сој на коронавирусот се уште не е детектиран во земјава

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk