Наместо академик Коцарев да се занимава со наука, уметност и вистинска политика, академикот се занимава со “наука за политичките кујни” кои, да не се лажеме, им премина во националистички манир. Дури, спремен сум да кажам дека МАНУ игра политика не на македонистика, туку игра политика на “лингвистичко-сељачки колективизам”. Пуста желба за додворување на “народното дупе”.
Не знам дали фамозниот академик Коцарев го читал Виктор Клемперер (чисто се сомневам!), така што човекот убаво ни објаснуваше во книгата “Јазикот на Третиот Рајх”: “преку зборовите, идиомите, реченичните структури кои се наметнувале низ милиони повторувања и го прифаќале механички несвесното, успеале да ја проголтаат целата реалност”.
„Јазикот повеќе не пишуваше и мислеше во мое име”, велеше Клеперер и продолжуваше, “туку, што повеќе му се препуштав, се повеќе ги диктираше моите чувства и емоции, така што почна да господари со целото мое битие”.
Треба да знае академикот Коцарев дека прво никој не планира никаква катедра да укинува, и второ, исто така треба академикот да знае дека колективизмот и одбраната на името не е сигурна куќа за заедништво, туку збирна банда за лопужи, лажови и манипулатори.
Коцарев треба да одговори на едно и единствено прашање кога веќе кркаат од името Северна: што направија сите овие триесет години умниците од МАНУ што националистичката Македонија е друго име за ротопаланка во која младите ни заминуваат. Веројатно академикот – нашиот рототатко на нашата ротопаланка ќе одговори – затоа што ни опаѓа наталитетот?
Името на државата е Северна Македонија, а државните институции ќе мора да се соочаат со реалноста. Ако им се убави паричките, тогаш барем треба да ја уважат и реалноста. А реалноста е таа: договорот од Преспа е направен за оваа држава да не’ биде ротопаланка во која рототатко ќе биде угледен академик-јуришник на националистичко-реакционерна чаршија.
Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ