ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рама: Албанија е подготвена да ја чека Северна Македонија за да не се одвојат двете држави во процесот на интеграција

March 1, 2021 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиерот Еди Рама денеска на прес-конференција во Брисел изјави дека идентитетските прашања не треба да бидат дел од дневната политика и дека Албанија е подготвена „да ја чека Северна Македонија“ за да не се одвојат двете држави во процесот на интеграција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еди Рама денеска во Брисел учествуваше на редовниот годишен Совет за стабилизација и асоцијација со Албанија, на кој европската страна констатирала дека Тирана направила значителен и опиплив прогрес во сите клучни области и од земјите членки ќе побара одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство „најскоро што може“.

Албанскиот премиер од своја страна, одговарајќи на прашање за можноста да се одвојат Скопје и Тирана сега кога Северна Македонија е блокирана од страна на Бугарија, ја потенцира својата поддршка за земјава и изрази надеж дека лидерите во Скопје и Софија „ќе покажат мудрост и ќе го надминат спорот“.

– Кога ќе се материјализираат конкретните чекори, како првата меѓувладина конференција, не е всушност до нас. Живееме во различни времиња. Не се ова најдобри времиња за нас во регионот, изјави Рама одговарајќи на прашањето за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија пред неговите соговорници високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Рама, исто така, посочи оти кога дознал дека идентитетските прашања се покренати во процесот на преговори за Северна Македонија, тој бил „ужаснат“.

– Ова е најлошата можна дискусија кога е потребен консензус за постигнување на следниот чекор, затоа што е комплицирано, затоа што е емотивно и се надеваме дека мудрите лидери на Северна Македонија и Бугарија, кои се мудри, ќе го решат ова сами и се надевам дека нема да чекаат некое волшебно стапче од Берлин, Лондон или од каде било, затоа што тоа нема да се случи. Треба да најдат начин сами да се договорат, порача албанскиот премиер од Брисел.

Тој додаде дека минатото треба да им се остави на академиците, граѓанското општество и експертите, но дека тоа нема место во дневната политика и изрази надеж дека нема да дојде до одвојување на Северна Македонија и Албанија во овој момент од процесот, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција.

– Минатото е процес кој може да ја зароби Северна Македонија, не дај Боже, за којзнае колку време, но ако треба да ве чекаме и да бидеме трпеливи, ќе ве чекаме како наши соседи и ќе трпиме, изјави Рама.

Редовниот состанок за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија, кој требаше да се одржи на крајот на февруари, беше одложен, но според еврокомесарот Вархеји, тоа нема никаква поврзаност со некаков притисок од Бугарија.

– Советот за Албанија требаше да се одржи во ноември, така што и овој е одложен, сега бараме датум, во ова време на Ковид очекувани се одлагања на средби, нема ништо страшно во врска со ова, така живееме во време на Ковид, рече Вархеји.

Осврнувајќи се на можното одвојување на евроинтеграцијата на Скопје и Тирана, еврокомесарот за прошиеување изјави дека станува збор за процес заснован на заслуга и земјата што ќе ги исполни условите ќе ја добие првата меѓувладина конференција.

– За Албанија условите се исполнети и ние ќе поднесеме предлог до земјите членки да започне првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, изјави Вархеји. /МИА/.

Next Post

Koцарев: Се радувам што се покажаа како неточни моите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk