ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Набавката на вакцините е проблем со кој се соочуваат и најголем дел од НАТО – земјите и ЕУ

March 1, 2021 12:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целта ни е час поскоро да обезбедиме функционална вакцина. Со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем, изјави денеска во Касарната Ѓорче Петров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пренесе МИА.

-Врската помеѓу вакцините и НАТО  не мислам дека е најлогичната, но се разбира станува збор за прашање коешто има и безбедносни компоненти. И на последниот состанок неколку од земјите се изјаснија дека сите се соочуваме со сериозен недостиг на најважното прашање коешто денеска е во цел свет, а тоа се вакцините. Би рекла со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем. Особено  тешко е за мали држави коишто во моментот кога ќе седнете со производителите се многу мал фактор заради тоа што бројките кои нам ни се потребни се можеби за некоја од големиве држави статистичка грешка, едно маало да го вакцинират, меѓутоа затоа на масата е потешко да седнете дури и ЕУ во преговорите со производителите се соочи со сличен проблем и дури  сега гледате дека се прават паралели што е она што функционирало кај поединечните земји, а што не профункционирало во европскиот механизам, рече Шекеринска на новинарско прашање колку е дозволиво една држава членка на НАТО се уште да нема вакцини и по примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Северна Македонија во касарната во Ѓорче Петров..

Ова е најважно прашање и за сите нас, додаде таа, и нагласи дека целта е набавка на функционална вакцина што поскоро.

-Целта ни е и видовте тоа во последните чекори  час поскоро да боезбедиме функционална вакцина. И ќе ги правиме и ќе ги превземеме сите чекори коишто ќе не донесат поблиску до целта. Но велам се соочуваме со проблем со којшто се соочуваат најголемиот дел и од НАТО земјите членки, а да не зборувам за други земји во светот,  рече Шекеринска.

На прашањето што точно ќе се преземе да се реши проблемот и за вратениот капар за кинеските вакцини, додека се усогласуваат деталите, Шекеринска  посочи дека тоа не е во нејзиниот сегмент на работа, но нагласи дека Владата е транспарентна и не ги крие информациите од јавноста и проблемите со коишто се соочуваме.

-Вие ги слушате истите фрустрации, истото незадовлство и истите проблематични чекори кај  најголемиот дел од земјите членки на ЕУ, најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото во овој период. Но дури и тие се соочија со проблеми со дел од прозиводителите и со обезбедување на потребните количини. Она што е добро дека барем здравствените работници кои се на првата линија на фронтот успеја благодарејќи на оваа донација  да обезбедат дополнителна заштита. Добро е што МЗ и групата за имунизација направиле добар план. Ние го дискутиравме на Влада. Армијата е во втората фаза на вакцинирањето заедно со полицијата. Мислам дека приоритетите коишто ги поставивме се објективни и нудат шанса тогаш кога ќе ги имаме овие колични работите да течат побрзо, рече министерката Радмила Шекеринска.

Next Post

Петровска: Започнува процесот на попишување, секој граѓанин да придонесе за подобра иднина преку учество во пописот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk