Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов рече дека Универзална сала – еден од симболите на Град Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик. Шилегов денеска заедно со премиерот Зоран Заев го презентираше планот за обнова на Универзалната сала.
„За овој проект 120 милиони денари ќе бидат обезбедени од Владата. Ние ќе бидеме инспирани од проекти кои се од интерес на граѓаните. До септември ќе биде реконструирана Универзална сала и истата ќе има капацитет од 1.200 седишта. Иако сум струмичанец, се радувам за обновата на Универзална сала.“, рече Заев.
Тој истакна дека Шилегов е негов добар пријател и лично ќе го поддржи на следните локални избори.
-Да бев жител на Скопје, ќе гласав за Шилегов, нагласи Заев.