ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Енергетската ефикасност е дел од локалните политики на Општина Кочани за заштита на животната средина

March 5, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„За 3,5 години, Општина Кочани и десетина други институции применија повеќе мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Со средства од меѓународни извори, од државниот и општинскиот буџет, извршена е реконструкцијата и изградба на енергетски ефикасни објекти и фасади, обезбедени се субвенции за фотоволтаици, за замена на постојните со ПВЦ прозорци и врати.“, соопштуваат од Општина Кочани.

Оттаму велат дека нова, енергетски ефикасна фасада добија Центарот за култура „Бели мугри“, Мултикултурниот центар, ОУ „Малина Попиванова“. Во изградба е новата детска градинка во Кочани, oбјект со најсовремена фотокаталитичка фасада, со ефект на 40 дрвца и можност да го прочистува воздухот во околината на градинката од смог и загадување.

„Општинската зграда и двете средни училишта во Кочани, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ имаат инсталирани фотонапонски системи, со што овие објекти сами произведуваат струја. Тоа значи намалени трошоци, а зголемена искористеност на сончевата енергија како обновлив извор.

Од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година на Генералниот секретаријата на Владата,  30 инвертер-клими се поставени во основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.

Со цел да се подобри животната средина и да се намали загадувањето на воздухот, во 2019 и 2020 година Општина Кочани од сопствениот буџет намени 3,3 милиони денари за субвенционирање на 258 граѓани кои се определија да ги заменат грејните тела на дрва, јаглен, нафта или мазут, со печки на пелети или со инвертер-клими. За стимулирање на жителите за користење на велосипедот како превозно средство што не ја загадува околината, Општина Кочани воведе и субвенции за волсипеди.

Една од најголемите придобивки во заштитата на животната средина е што во ноември 2020 година дел од Осоговските Планини, со одлука на Владата беа прогласени за заштитено подрачје – заштитен предел V категорија.

По повод 5 Март – Меѓународниот ден на енегетската ефикасност, градоначалникот  на Општина Кочани Николчо Илијев упати повик до сите граѓани за разумно користење на енергијата, со што ќе покажеме поголема грижа кон животната средина.“, се наведува во соопштението од Општина Кочани.

Next Post

Европската Комисија бара од сите да не го политизираат пописот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk