ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје уреди нов зелен сквер во Општина Аеродром

Уредена е зелена површина од околу 2000 метри квадратни, ова е втората од четирите коишто ги започнавме есента. На овој простор во целост го обновивме зеленилото што беше запуштено, се сеќавате овде имаше стари трафики и не беа отстранети нивните темели и столбови.  Засадивме 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250  се ниско стеблести садници – кажа Шилегов.

March 5, 2021 14:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената запуштена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром, Град Скопје целосно ја преуреди со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

– Денеска сме на новата зелена површина на којашто Градот Скопје работеше изминативе неколку месеци, станува збор за дел од проектот кој го работевме заедно со УНДП, а во кој беа вклучени луѓето коишто живеат во соседството и по основ на анкетите и нивните потреби го уредивме овој простор.

Уредена е зелена површина од околу 2000 метри квадратни, ова е втората од четирите коишто ги започнавме есента. На овој простор во целост го обновивме зеленилото што беше запуштено, се сеќавате овде имаше стари трафики и не беа отстранети нивните темели и столбови.  Засадивме 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250  се ниско стеблести садници – кажа Шилегов.



Патеките во скверот се облагородени со дрвени елементи наменети за децата кои ќе го користат овој простор да можат да ги развиваат своите моторички способности. Исто така,  има и патеки кои се наменети за родители со колички за мали деца и лица со посебни потреби.

На скверот се поставени 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, корпи за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со лед осветлување.

Просторот е осмислен на начин што целосно ги следи потребите и желбите на граѓаните кои живеат во овој дел од Општина Аеродром, а особено е посветено внимание на тоа бетонските елементи да бидат сведени на минимум и зеленилото да биде распоредено да може да се формира раскошни крошни кои ќе обезбедат сенки за посетителите.

Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, а локацијата  за уредување е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП која започна во 2018 година. Во самиот процес беа вклучени различни возрасни групи на граѓани  преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните кои живеат на во овој дел од населбата.

Мапирани беа дневните и ноќните активности, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст.

Next Post

Објавена програмата за годинашното КОВИД-издание на Струмичкиот карневал

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk