ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Пакомак: Северна Македонија рециклира само 19 отсто од стаклената амбалажа годишно

March 5, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите на ЕУ рециклираат околу 70 отсто од стаклената амбалажа годишно, додека во Северна Македонија таа количина е само 19 отсто. Поголемиот дел од употребеното стакло во нашата земја завршува на депонии или диви депонии, а во вакви услови потребни се неколку илјади години за да се распадне. Овие податоци се дел од заклучоците од споведувањето на проектот „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“, кој во нашата земја го спроведуваат Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Заединицата на единици за локална самоуправа на Македонија (ЗЕЛС) и компанијата Пакомак.

Од Пакомак соопштуваат дека поради недоволниот број контејнери за одложување на стаклена амбалажа, но и недостатокот на соодветни погони за рециклирање, на Западен Балкан стаклото се рециклира значително помалку отколку во земјите-членки на ЕУ.

Од оваа компанија информираат дека целта на проектот е да се зголеми количината на собрана стаклена амбалажа во регионот за 20 отсто.

– Земајќи предвид дека стаклото е единствениот материјал за пакување со 100 отсто ефикасност на рециклирање и може да се рециклира одново и одново, можеме слободно да му ја доделиме титулата – „суперѕвезда на индустријата за рециклирање“! Затоа, пред да поставиме празно стаклено шише или тегла од зимата во контејнер заедно со друг комунален отпад, треба да имаме предвид некои од следниве факти: со рециклирање на едно стаклено шише, заштедуваме доволно енергија за една сијалица од 100W да свети цели 4 часа, со рециклирање на едно стаклено шише, заштедувате доволно енергија за напојување на вашиот компјутер 25 минути, со рециклирање на еден тон стакло заштедувате 42Kwh електрична енергија, односно цели 19 литри нафта, со рециклирање на 1000 килограми стакло, емисијата на штетни гасови се намалува за 3 килограми во споредба со производството на ново стакло и со рециклирање на стакло можеме да заштедиме околу 40 отсто од енергијата и 50 отсто од водата потребна за производство на ново стакло и да го намалиме загадувањето на воздухот за 20 отсто и водата за 50 отсто, се наведува во соопштението.

Од Пакомак најавуваат дека повеќе од илјада специјални контејнери за отстранување на стаклена амбалажа ќе бидат поставени во урбаните и руралните области во Скопје, потоа во општините Илинден, Штип, Гевгелија, Тетово и Битола, како и избрани градови и општини од Србија и Босна и Херцеговина.

извор: МИА

Next Post

Дополнителни 37 милиони евра од СБ во Проектот за поврзанот преку локални патишта

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk