“Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност”, напиша министерката Шекеринска на Фејсбук.
„Реконструкциите на објектите на командата на SEEBRIG во Куманово, објектите на ренџерите и гардата во касарната Илинден ги работевме со издвоени 20% од цената за чинење наменети за енергетска ефикасност. На истиот начин ќе ги реновираме и објектите на воената полиција во Илинден и уште два објекти во касарната во Штип. Годинава почнуваме со работа по проектот за гасификација на касарните во Петровец и Куманово, кои се грееја на мазут и нафта. Решени сме да дадеме најголем можен придонес во намалувањето на загадувањето, користењето на чистата енергија и во заштитата на животната средина”, стои во објавата на министерката.