Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Прв пат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата.Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот – изјави премиерот Зоран Заев Во интервју за Слободен печат.
Во тек е изградбата на Поликлиниката во Општина Сарај, која ќе биде дел од Здравствениот дом во Скопје. Според министерот за здравство Венко Филипче, оваа амбуланта ќе служи на близу 45 илјади жители од овој регион кои во овој момент немаат ниту една поликлиника во близина.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека веројатно во среда ќе почне вакцинацијата, а утре на Скопскиот аеродром околу 14 часот треба да пристигне првата пратка. Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога.
АД „Пошта на Северна Македонија“ викендов ја воведува опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка-подарок кој ќе се испорачува на саканата адресан за време и по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Премиерот на Република Северна Македонија по повод на Меѓународниот ден на енергетска ефикасност заедно со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја посетија градинката ,,Мајски цвет’’ објектот Јасмин во населба Тафталиџе 2.
В.Д