ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

ЦИВИЛ по повод 8 Март: Сите мораат да се вклучат за да стават крај на родовата дискриминација и насилството

March 8, 2021 13:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Правата на жените се човекови права коишто повеќе од 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот.

За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност.

По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, но и секојдневно, ЦИВИЛ го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата  и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите, носителите на одлуки и законодавците да ги зајакнат постапките и процесите за доследно почитување на сите човекови права и слободи, а со тоа и правата поврзани со родовата еднаквост. Тоа подразбира и доследно спроведување и унапредување на законите за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мораат да работат на еманципација и почитување на правата на жените.

За жал, одбележувањето на Меѓународниот ден на правата на жената во нашето општество децении наназад е сведено на исклучително ниско разбирање на човековите права и слободи, а со тоа и на родовата еднаквост, која ја гарантираат Уставот, законите и меѓународното право.

Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе час поскоро.

ЦИВИЛ бара од Собранието и од Владата да спроведе ефективни законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации имаат обврска да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за родовата еднаквост.

ЦИВИЛ потсетува на предлогот што го објави јавно во 2018 година, 8 Март да се прогласи за неработен ден за сите жени во земјата.

8 Март во општеството и во политиките треба да биде препознаен како повод за акција, да не се користи за формални прослави и декларации, туку за промоција на суштинска родова еднаквост.

Сите мораат да се вклучат за да стават крај на родовата дискриминација и насилството!

извор: ЦИВИЛ

Next Post

Османи – Ди Мајо: Северна Македонија цврсто останува на определбата за полноправно членство во ЕУ

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk