пишува: РИБАРО
„Барај го Божиновски под итно ни треба анкета за да покажеме дека сме во водство, дека Заев нема доверба, дека сум супериорен и неприкосновен лидер на ВМРО-ДПМНЕ.“, давал телефонски инстрикции на своите соработници Мицкоски од Инфективна, јавуваат изворите на АХА, од белата палата на вмровците.
– Шефе, му дадовме насоки на Божиновски, уште дента кога не насамари Заев. Тој веќе излезе со анкетата, ете наштелувавме дека ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ, си ја знае Владимирчо работата, гордо му се пофалил на Мицко еден од неговите блиски соработници.
– А бе не требаше анкетата да е за партијата, за мојот рејтинг требаше да се штелува. Нели гледаш дека сум во слободен пад, доверба нула имам кај народот. Прво вешто не изигра Заев со гласањето доверба на Владата, сега пак капак и ова што нè повикува заедно во влада. Што и да му одговорам – и да прифатам и да одбијам, сум се заебал скроз. И оние од ПР-от ме оставија да се избламирам со статусот на фејсбук каде се вадам на коронава…
– Шефе, ама ќе ни се смеат сега ако излеземе и со анкета дека вие сте во водство пред Заев, ептен ја цапнавме работава.
– Ма батали што ќе ни се смеат, ќе ме сменат ако не помпаме бројки, нели разбираш до каде е дојдена работава. Нели гледаш Нино како е засилен, башка знаеш каква поткрепа тој има во партијата, поготово што и со Јанчев и со „залижанион“ се на иста. И Грујо како да крена раце од мене, жив го нема да пише на Фејсбук. Не е далеку денот кога ќе летаме како партали, ако не преземеме нешто. Јави му се и кажи му на Божиновски нека ја направи двоцифрена разликата, во моја корист.
По еден час
– Шефе, Божиновски ми откажа. Вели и за негов ѓон образ тоа било премногу, не се нафаќа да мести уште една анкета, барем не засега.
– Види го ти него се искурназил?! Ајде и онака ама баш никој повеќе не го есапи неговиот институт за сериозен. Барај друго дете, види во тефтерчињата кој го имаме, му наредил Мицкоски на својот вазал.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK