ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Изведен записник од оперативниот штаб за „27 април“, судењето продолжува на 16 март

March 12, 2021 13:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година продолжува на 16 март, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески.

Одбраната, најпрво изведе дел од записник од оперативниот штаб за оперативната акција „Платформа” од ден 27 април 2017 година.

– На состанокот во МВР биле присутни 32 лица. Имало две точки, брифинг и следење на тековните случувања. По полноќ излагање пред присутните имал помошникот директор Салија, кој ги информирал дека нема дојдено лица од други градови, изјави Миле Јанакиески, изведувајќи дел од записникот.

Во секвенца од записникот, која што беше изведена, се вели дека протести имало и во Штип, Свети Николе, Делчево, Берово, Кочани, Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Прилеп, Кривогаптани, Охрид, Кичево и Куманово. Овој записник е одобрен од началник на Сектор Душко Лазаров.

Адвокатот Еленко Миланов, по завршување на денешното рочиште, рече дека од изведениот записник од оперативниот штаб, се докажало дека според информациите на МВР на 27 април 2017 година немало организиран превоз од други градови.

Обвинетиот Миле Јанакиески, се заблагодари на судот што дозволил целосно да бидат изведени сите докази во интерес на одбраната.

Обвинителката Вилма Русковска, реагираше на изведувањето на овој доказ, посочувајќи дека нема ништо што се однесува за ниту еден од двајцата обвинети Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, но Судот го отфрли приговорот и дозволи негово изведување.

Материјалите од безбедносните камери на Смарт сити, одбраната рече дека ги прегледале и сметаат дека нема ништо што е од интерес за одбраната на двајцата обвинети Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поради што нема потреба да бидат изведени.

На почетокот на денешното рочиште, одбраната повлече неколку предложени сведоци, меѓу кои и тројца што требаше да бидат сослушани денеска, со што целосно заврши изведувањето на вербални докази од одбраната на Миле Јанакиески.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

На следното рочиште треба да бидат сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на Владимир Атанасовски. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

извор: МИА

Next Post
Фото:  Јане Ѓорѓиоски

Викендов ветровито со услови за дожд и снег, од понеделник постудено

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk