ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Осумнаесет години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

Првиот демократски премиер на Србија, по промените на 5 октомври и падот на режимот на Слободан Милошевиќ, беше убиен пред зградата на српската влада. Тој беше застрелан двапати во градите околу 12:45 часот.

March 12, 2021 14:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пред осумнаесет години, на денешен ден, на 12 март 2003 година, во дворот на зградата на српската Влада, убиен е премиерот на Србија и лидерот на Демократската партија (ДС), Зоран Ѓинѓиќ. За неговото убиство беа осудени припадниците на Земунскиот клан и Единицата за специјални операции (ЈСО). Политичката позадина на убиството до денес не е разјаснета.

Првиот демократски премиер на Србија, по промените на 5 октомври и падот на режимот на Слободан Милошевиќ, беше убиен пред зградата на српската влада. Тој беше застрелан двапати во градите околу 12:45 часот.

Во првото соопштение на Владата на Србија, како организатори и извршители на атентатот беа обележани криминалците од Земунскиот клан, а како водачи на оваа група означени се поранешниот командант на распуштената Единица за специјални операции (ЈСО) Милорад Улемек Легија, Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум.

Неколку часа по атентатот на Ѓинѓиќ, во земјата беше прогласена вонредна состојба, која траеше до 22 април, кога беше укината по предлог на Владата на Србија.

Следуваше полициската акција „Сабја“, во која беа уапсени атентаторот Звездан Јовановиќ, поранешен помошник командант на ЈСО, неговите помошници и уште неколку припадници на таа единица, како и сите оние кои беа осомничени за поврзаност со оваа криминална група и атентат.

На 40 години затвор беа осудени Милорад Улемек Легија, поранешниот командант на единицата кој го организираше атентатот и Звездан Јовановиќ, потполковник во ЈСО кој пукаше на премиерот,

По судењето, кое заврши во 2007 година, јавноста очекуваше да започне истрага за политичката позадина на убиството. До денес, тоа не се случи, и покрај ветувањата на сите влади во изминатите 18 години.

Ѓинѓиќ беше првиот демократски премиер на Србија по падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година, кога дојде на власт Демократската опозиција на Србија (ДОС). Во тој период е инициран процес на демократизација на општеството, економски и социјални реформи.

Ѓинѓиќ беше и еден од основачите на Демократската партија, во која беше претседател на Извршниот одбор.

Од јануари 1994 година до неговото убиство, тој беше претседател на ДС.

Во погребната поворка на улиците на Белград беа стотици илјади граѓани.

Премиерката Ана Брнабиќ и членовите на српската влада денес положија венци на местото каде што беше убиен Зоран Ѓинѓиќ.

Next Post

Вархеји: Заеднички регионален пазар од 18 милиони луѓе базиран на ЕУ правилата би било вистинска промена

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk