ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Се очекува до крајот на годината најголемиот дел од судниците во судовите да бидат опремени со аудио-визуелна опрема

March 12, 2021 15:48
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Се очекува до крајот на годината најголемиот дел од судниците во судовите да бидат опремени со аудио-визуелна опрема, беше истакнато по денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателот на кавадаречкиот суд, Лазар Нанев.

– Веќе работи работна група која што изработи и законски измени во Законот за парнична постапка. Таа работна група направи детална анализа каде се може и на кој начин треба да се имплементира овој процес, и јас мислам дека многу скоро во наредните месеци ќе имаме видлив резултат во Меѓународната заедница, несомнена поддршка од нашите институции и силна волја ова да се спроведе, рече министерот во врска со дигитализацијата на судовите.

Тој појасни дека Комисијата за дигитализација изготви акционен план од 23 точки, во кои се опфатени сите сегменти и прашања кои однесуваат на процесот на дигитализација.

-Почнувајќи од прашањето на донесувањето на основната законска рамка, пред сè станува збор за процесните закони и за судскиот деловник, прашањата за елктронските огласни табли, опремувањето на сите судови во нашата држава, значи сите судови на сите степени, со основна, со проширена надлежност, Апелациониот, Врховниот, Управниот и Вишиот суд, заедно со судницата во Академијата на судии и јавни обвинители, и судницата која се подготвува во казнено порпавниот дом Идризово, додаде министерот.

Целокупно најсовремената аудио-визуелна опрема ќе биде обезбедена од страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

-Тука е и мисијата на ОБСЕ, која исто така е вклучена во еден дел на опремување на судовите, заедно со дополнителните алатки кои што се неопходно потребни да оствариме и овозможиме целокупен процес на дигитализација, рече министерот.

Нанев рече дека очекува заедно со министерот до крајот на оваа година најголемиот дел од судниците во судовите да бидат опремени со аудио-визуелна опрема.

– Министерот најави и во однос на креирање на нов автоматска компјутерски систем кој е активен, и е потребна подолгорочна анализа и подоцна имплентација, но се надевам брзо ке помине и во Министерство и во Владата, и на крајот на годината ќе имаме едно европско судство кое е потребно на граѓаните. Целокупниот овој сегмент е во рамки на донаторски средства кои ќе бидат донирани од меѓународни организации, изјави претседателот на судот.

Во текот на работната посета на Кавадарци, министерот ќе се сретне и со кавадаречкиот  градоначалник Митко Јанчев.

извор: МИА

Next Post
пасоѓ

СДСМ поддржува пратениците да имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот состав

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk