Бизнисменот Орце Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.
Причина за апсењето се информациите што ги имала Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека се подготвувал за бегство од земјава, известуваат од Слободен печат.
Од обвинителството, како што информираат повеќе медиуми, ќе постапат согласно надлежностите и ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”, за нелегално купените плацеви на Водно за Никола Груевски преку фирмите на Орце Камчев.