Утрово треба да се состане Комисијата за заразни болести, која треба да одлучи дали до Владата ќе бидат препорачани нови рестриктивни мерки.
„На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Од Министерството за здравство вчера вечер известија за прес конференција на министерот Венко Филипче.
„Ве известуваме дека утре, 17.03.2021 година (среда) со почеток во 11:00 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за здравство д-р Венко Филипче“.