ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Сè е подготвено за внатрепартиските избори на 21 март, СДСМ е и ќе биде прва во промените, вели Николовски, Лукароски: Зошто Мицкоски и Апасиев ниту збор не искоментираa за приведувањето на Орце Камчев? докторот Асани со чиста совест и покрај разрешувањето

March 18, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сè е подготвено за првите директни внатрепартиски избори коишто на 21 март, ги организира токму СДСМ. Во 80 општини ширум земјава, во секоја Општинска организација на СДСМ, в недела ќе бидат отворени гласачките места, СДСМ е и ќе биде прва во промените! – напиша Николовски.

Зошто Христијан Мицкоски ниту збор не искоментира за приведувањето и за притворот на Орце Камчев Нема никаков коментар ниту на ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ. А за „путерот“ веќе имаат две соопштенија. За притворот на Орце Камчев коментар нема ниту Димитар Апасиев. Иако тој секојдневно коментира за сè – ништо не прескокнува, вели Ацо Лукароски.

Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании. Приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законска регулатива како и останати прашања во насока на унапредување на секојдневното работење на компаниите.

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација. Тој бара малку трпение, и соопшти дека со министерот Филипче се во постојан контакт.

По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани преку фејсбук-статус се обрати до јавноста, во кој тврди дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста.

Притвор во траење од триесет дена определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар. Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија.

Дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука, а не на Комисијата за заштита од заразни болести, вели првиот човек на ова советодавно тело на Министерството за здравство, Жарко Караџовски.

ФРОНТ: 

„Последниот шинобус“ за Зоран Заев– пишува Сашо Орданоски/ ЦИВИЛ МЕДИА

„Борбата против фашистите е вечна“– пишува  Перо Арсовски / ЦИВИЛ МЕДИА

М. Миткоска

Next Post

Од странство преку апликацијата самопопишани 77 122 лица, процесот продолжува до 21 април

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk