ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарските социјалисти нема да гласаат за амандманот, но се спротивставија на обидите за приватизација на бугарскиот национален интерес

March 24, 2021 07:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот Парламент излезе со остар став во врска со нивната интервенција во претстојниот извештај за Република Северна Македонија, откако ВМРО на Красимир Каракачанов ги обвини социјалистите дека „направиле национално предавнички амандман“ на резолуцијата за земјава, за која ЕП треба да ја гласа в четврток.

-Изборната кампања во нашата земја е во полн ек, па затоа не е изненадувачки што одредена политичка сила уште еднаш употребува арсенал на лаги и клеветнички шпекулации. Членовите на Европскиот Парламент се обвинети во соопштението за печатот за претстојниот извештај за Република Северна Македонија. Она што е неприфатливо во овој случај е дека претседателот на соодветната партија наместо да размислува прво, презема активности што незаслужено ја ставаат Бугарија во последователни текстови на резолуциите на ЕП, како и во негативниот проток на информации до европските институции. Надминувањето на парламентарниот праг може да биде политичка цел, но не може да послужи како изговор за злоупотреба на бугарскиот национален интерес. Објавувањето мапи и непримерени изјави може да ги зголеми процентите, но ја прави целокупната позиција на Бугарија во Европа неприфатлива. Заради ваквите настани, нашите европски партнери не го разбираат однесувањето на нашата земја. Значи, не добиваме поддршка, туку нови резолуции, стои во реакцијата.

Предложениот текст во извештајот на ЕП за Република Северна Македонија, се додава, е токму во оваа насока. Во амандманот се вели: „Ги осудува неодамнешните провокативни изјави на претставници на бугарската влада за историски прашања што ја засегаат Северна Македонија, што е спротивно на духот на Договорот за добрососедство со Бугарија, ги повикува бугарските власти да се воздржат од такви изјави и покрај изборната кампања што е во тек во Бугарија“.

Предлогот го дадоа четворица европратеници: Тонино Пицула (Хрватска), Тања Фајон (Словенија), Андреас Шидер (Австрија) и Марек Белка (Полска). Токму тие се обвинети, како што се посочува во ставот на бугарските социјалисти во ЕП, за „компромис, отворена глупост или скопско лобирање“, а тврдењето дека нивното место не е во ЕП не заслужува коментар.

-Делегацијата на бугарските социјалисти во ЕП нема да го поддржи амандманот затоа што тој не го одразува целосно историскиот и политичкиот контекст на Балканот. Но, категорично се спротивставува на приватизацијата на бугарскиот национален интерес и монополот над патриотските цели. Особено од политичка сила што го нарушува авторитетот на Бугарија во ЕУ заради сопствен интерес – нејзиниот политички опстанок. Што се однесува до загриженоста на т.н. „патриоти“ за идните коалиции во нашата земја – важно е Бугарија да не се продава, стои во реакцијата на Делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент.

Next Post

Во најновиот ковид бран зголемен процентот на заразени малолетници

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk