Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот рече, е патриотски чин, а повикот или тивкото работење за бојкот е удар врз државата, па дури и врз својата етничка заедница.
Премиерот Зоран Заев вели дека јавното здравство е достапно за сите граѓани подеднакво без разлика дали се сиромашни или богати секогаш, па и сега во услови на пандемија. Вели дека места има во јавните здравствени установи и тврди дека јавното здравство има експерти и подобри од тие во приватниот сектор.
Нашиот попишувач при влезот во домот нема да има физички контакт со никого, ќе направи дезинфекција на опремата, ќе се измие, ќе носи заштитна опрема. Ако некој постапи спротивно на протоколите ќе го отстраниме. Не може такво лицемерие да имаме во јавноста, да изразуваме загриженост за пописот како опозицијата, а да гледаме забави во кафеани и полни ресторани.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава.
Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши, но, како што посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички напори да се изнајде решение.
Поминаа точно 20 години од одржувањето на манифестацијата „Рок за мир“ на 24 март 2001 година во организација на ЦИВИЛ, а во партнерство со Пакс Кристи Холандија, Нансен дијалог центар и други.
Одбивањето попис е класично несакање на државата, особено ако тоа е заради остварување на политички цели
Управата за јавни приходи известува дека сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25 март 2021 година, најдоцна до 31 март ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец.