ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Демант на дезинформациите кои Јанко Бачев ги шири на социјалната мрежа Фејсбук преку спонзориран/платен пост

March 25, 2021 20:57
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на порталот Вистиномер ги демантира наводите на претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој во изминативе денови и недели упорно ја дезинформира јавноста, велејќи дека бил „на силен удар и блокада“ од нашата редакција, при што додава и „нема жалење, нека блокираат и филтрираат за да покажуваат помала читаност“.

Ништо од ова не е точно и ваквите тврдења претставуваат комплетна дезинформација. Редакцијата на Вистиномер не може да изврши никаква „блокада“ и не може никого да „блокира и филтира“ дури и да сака.

Вистиномер од јули 2020 г. соработува со Фејсбук во рамки на Програмата за проверка на факти од трети страни, а таа соработка не опфаќа ниту блокирање ниту бришења туѓи содржини. Методологијата на програмата исто така исклучува обработка на содржини објавени од страна на политичари или политички партии, така што клеветите на Бачев немаат никаква реална основа.

Ширењето дезинформации против редакцијата на Вистиномер Бачев го врши не само преку споделување, туку и преку спонзорирање, односно преку платено огласување на неговиот пост, како што може да се види на фото извадокот подолу, за да може што повеќе да ги прошири искажаните дезинформации.

Бачев  ја продолжува кампањата против концептот на проверка на факти започната во ноември 2020 година која опфаќа клевети и медиумски линч на вработените во Фондацијата Метаморфозис, издавачот на Вистиномер. Бачев се придружува на претходните координирани повици на социјалните мрежи полни со говор на омраза и во кои се злоупотребени фотографии преземени без дозвола од службениот портал на Фондацијата. Оваа хајка иницирана од медиуми и мрежи на тролови поврзани со политички партии познати по ширење дезинформации вклучува и закани со насилство и онлајн малтретирање на сите вработени, вклучително и луѓе кои немаат никаква врска со проверката на факти, туку работат на сосема други проекти или вршат административни работи.

 

 

Во однос на партнерството со Фејсбук, активностите на редакцијата на Вистиномер опфаќаат рецензирање содржини за кои има основано сомневање дека содржат вирални дезинформации и нивно означување со оценката која ја утврдил рецензентот според јавната метологијата.

Со тоа завршуваат надлежностите на редакцијата во однос на соработката со Фејсбук. Редакцијата во овие проверки на факти работи според методологија изработена од страна на Фејсбук, истата онаа која се користи од речиси 80 организации за проверка на факти ширум светот, а кои ја проверуваат вистинитоста на содржините на оваа социјална мрежа.

Во рамки на партнерството со Фејсбук, редакцијата на Вистиномер никогаш нема рецензирано Фејсбук пост објавен од страна на Бачев или неговата партија Единствена Македонија, ниту пак има било какви ингеренции да „блокира“ или „филтрира“ нивни содржини.

Бачев нема никакви докази за своите клеветнички тврдења со кои се обидува да се претстави како жртва и да измами незаслужени симпатии, додека истовремено ја дезинформира јавноста. Истото важи и за неговата политичка партија, како и другите политичари, медиуми и други ширачи на дезинформации на интернет кои се обидуваат да ја попречат работата на новинарите во Република Северна Македонија со обиди за дискредитација на новинарскиот жанр проверка на факти и да воведат цензура преку заплашување на новинарите кои го практикуваат во јавен интерес.

Редакција „Вистиномер“

Next Post

Симовски: Имаме скафандери, мантили, маски, дезинфекција... пописот може да започне

Shortcut

Најново

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk