ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Издишани анализи…

На закажаната понеделничка средба, Заев и Мицкоски може да разговараат за сите теми кои се од интерес на граѓаните, а сега се блокирани од опозицијата во Собранието. Нека разговараат и за влијанието во разретчувањето на вморонскиот разум од топењето на глечерите на Северниот пол, како и од исчезнувањето на пингвините од Мадагаскар. Можат да разговараат и за сексуалната ориентација на желките од Галапагос. Можат да разговараат за сè, само за широка коалиција со ова, до гуша заглавено во криминали ДПМНЕ - НЕ. Тоа ќе значи директно соучесништво...

March 27, 2021 09:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски

Борче Боки Трајковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Тезата „Сите у влада, сите на клада, сите да горат за договорот со Бугарија“, не поминува во ниту една здрава опција. Влада со ДПМНЕ и Мицкоски нема да има ни сега, ни во мај ни во јуни, ниту некогаш во иднина. Ова ДПМНЕ е на пат да заврши таму каде што треба, во затвори, ем да вратат сè што опљачкаа од државата во целиот период на нивното владеење, ем да платат.

Лажна е и тезата дека СЈО воскреснува. СЈО никогаш не умрело за да воскресне. Ниту еден од СЈО е мртов за да се прогласува за Феникс кој одново се раѓа од пепелта на аферата „Рекет“. Сите се живи и фала му на Горниот, здрави, и секако со истите млади и полетни обвинител(к)и, а фала и на Катица што на крај, со последната наредба ја издупчи аферата „Рекет“, па сите предмети заедно со обвинителите од СЈО продолжуваат да си ја работат работата. Ниту има сила која ќе ги натера да престанат со својата макотрпна работа, започната во поранешното СЈО, да ја истуркаат до крај. Сведоци сме на финалето на големата и тешка битка против криминалите од ДПМНЕ. Сите ќе бидат просеани и зрно по зрно ќе завршат на нивите во Економија на Идризово. И Заев е свесен дека, доколку ова не се спроведе до крај, доколку правдата не се испорача од предметите на СЈО, ниту коалицијата со Светиот Папа ниту со Вселенскиот Патријарх, заедно со Горниот, ќе му помогнат. Верувам дека сака од оваа своја мисија, еден ден, да замине со крената глава…

Зацврстувањето на лидерската позиција на Заев во партијата, после првите слободни внатрепартиски избори, колку и да ја гледаат со потсмев за наводно преполовениот број на ажурираното членство, за Заев против Зоран, таа доверба му ја зацврстува и позицијата во владата, и во државата. Да, политиката е „курва“, ама Заев има една и единствена патека по која треба да продолжи да се движи а не да се „курва“. Тој ја зацрта патеката за конечно реализирање на правдата, на паролата „И ќе вратат и ќе платат“, вклучувајќи ги сите, па и самиот себе и сите блиски околу него како потенцијална цел на правдата, доколку згрешат…

Реконструкцијата на тие распукани темели на правдата во транзициска Македонија, се од исклучителна важност. Заев и неговата влада треба да продолжат да работат на нивна обнова. Нема друга патека, најмалку „курвинска“ опција, за измислени амнестии, за правење списоци за тоа кој и колку ќе одговара и кој нема да одговара за да си ја спаси позицијата. Ако Заев не ја знае оваа цел, оваа потреба и жед од сите правдољубиви во Македонија, и почне да калкулира со некакви филмски сценарија од типот на Кикифрикиевци, ондак, и нему и нам нека ни е на здравје…

А тоа дека со анексите на договорот за добрососедство со Бугарија го губиме идентитетот, опстојува само во главите на лажните патриоти и нивните платеници. Тие го сведуваат идентитетот на ниво на марула на Зелено пазарче, па некој може да го стави на тезга за некој друг да го купи…

Затоа, на закажаната понеделничка средба, Заев и Мицкоски може да разговараат за сите теми кои се од интерес на граѓаните, а сега се блокирани од опозицијата во Собранието. Може да разговараат и за предвремени избори, и за правилата на тие избори. Нека разговараат и за влијанието во разретчувањето на вморонскиот разум од топењето на глечерите на Северниот пол, како и од исчезнувањето на пингвините од Мадагаскар. Можат да разговараат и за сексуалната ориентација на желките од Галапагос, можат да разговараат за сè, само за широка коалиција со ова, до гуша заглавено во криминали ДПМНЕ, за пазарење за ослободување од притвори, амнестирање, аболицирање или помилувања, НЕ. Тоа ќе значи директно соучесништво…

Сакам да верувам дека тој филм нема да го гледаме. Таков филм нема ниту во најекстремните заткулисни сценарија, освен во некои, кои, за голема жал се покажаа како селски алапачи на тривијални заговори, суисидни маневри и манипулации.

Ете, толку добацуваат таквите анализи.

И, се разбира, истите актери, режисери и сценаристи како во аферата “Рекет“. Анализите им се издишани однапред. И отпозади…

 


Авторот е познат и како Боки Бургија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk