ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Луксузни возила како порше, БМВ и мерцедеси меѓу 40-те автомобили што како одземени поради истечена регистрација се чуваат во СВР Тетово

March 28, 2021 12:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во дворот на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово се чуваат околу 40 возила кои сообраќајните полицајци ги одзеле на определен временски период поради истечена регистрација повеќе од шест месеци. Таму се чуваат и голем број возила од скапите и луксузни марки како порше, бмв, мерцедес и други. Возилата се запленети во изминатиот период од три месеци од кога стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот.

-Поради истечена регистрација повеќе од шест месеци возилото се задржува на 90 дена. По истекот на тие 90 дена сопственикот мора да достави доказ за регистрација во полицијата за да му биде вратено возилото. Воедно за сите вакви прекршоци е предвидена е и парична казна, објаснуваат од сообраќајната полиција.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски кој денес беше во посета на тетовската сообраќајна полиција вели дека покрај засилени акциски контроли се спроведуваат и превентивни акции.

-Во тек е акцијата со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за носење на сигурносен појас и исто така имаме и други кампањи со кои се обидуваме да ја подигнеме сообраќајната култура кај граѓаните, изјави Ангеловски.

Тој информираше дека во претходните денови имало засилени контроли на патиштата од Гевгелија до Скопје и од Куманово до Охрид.  

-Во текот на вчерашниот ден имаме 325 санкции за брзо возење на овие правци од кои 194 се на територија на СВР Тетово. Другите санкции се изречени од мобилната екипа на МВР, СВР Скопје, СВР Охрид и другите сектори. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден како и во текот на наредните денови и апелирам до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за заеднички да ги придонесеме за побезбеден сообраќај на нашите патишта. Додека траат овие засилени акциски контроли евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди и особено на бројот на жртви од сообраќајни незгоди, објасни портпаролот.

Според информациите на Ангеловски минатата годинаима 125 жртви, што е рекордно најмал број на жртви во сообраќајни незгоди и интенцијата е уште поголемо намалување на бројката и спасување на човечки животи. 

извор: МИА

Next Post

Експеримент во Барселона: Одржан концерт за 5.000 лица со негативен ПЦР тест

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk