пишува: РИБАРО
Бугарското министерство за надворешни работи, упатило протестна нота до македонскиот амбасадор. Официјална Софија реагирала и негодувала затоа што македонски граѓани се вакцинираат во Србија, јавува дописникот на АХА од Софија.
Захариева во официјално упатената протестна нота вели дека македонските граѓани за инает на неа и Бугарија оделе да се вакцинираат во Србија, а дека загриженоста за своето здравје им било само изговор.
Захариева, на овој „провокаторски гест со српско-македонската вакцинација“, како што го нарекла, се пожалила и во Брисел, на што од Еврокомесаријатот ѝ бил понуден чај од нане за смирување.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK