пишува: РИБАРО
Екипата на АХА дојде до екслузивни сознанија за текот од телефонскиот разговор помеѓу заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија г. Метју Палмер и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, со кој Мицкоски се пофали пред некој ден.
Палмер до Мицкоски:
– Мицкоски, слушај добро. Ќе имаш за некој ден средба со Заев. На пресот после таа средба нон-стоп има да повторуваш: Се согласивме, се согласивме, се согласивме… Тоа значи, има да се согласиш со сè што ќе ти се предложи и токму со тие зборови има да ја почнуваш секоја реченица. Колку да не ти пука уште поголем срам, ти ќе дадеш прв изјава. Зборено е и со Заев, така да си знаеш!
– Ама г. Палмер, малку незгодно ми е како расипана грамофонска плоча да повторувам „Се согласивме…“, едно те исто, ќе ми се смее народ, покрај сè она што изнареков во последно време, дека нема да сме конструктивни и такви ствари?!
Од другата страна на линијата:
Тут-тут-тут-тут…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK