ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

March 30, 2021 08:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.  Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирусот од направени 1.405 тестирања. Починаа 41 лице, а оздравени се 1.169 пациенти.

Според најавите, имунизацијата со 24.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ што преку Ковакс механизмот стасаа викендот, треба да стартува утре со пријавените граѓани над 75 години. Здравствените власти тврдат дека апсолутно нема контраиндикација за граѓани од која било возраст да се вакцинираат со оваа вакцина и порачуваат граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи, како што велат, ова е специфичен период.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека 20 000 граѓани кои се веќе пријавени на возраст над 75 години, во текот на денешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време да се јават на вакцинација.

Уверува дека за три месеци ќе има дози за ревакцинација, со оглед на најавите дека кон средината на април треба да стигнат уште 76.000 дози од „Астра Зенека“ преку Ковакс механимот.

– Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 75 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани, рече Филипче, кој информираше и дека за граѓаните кои ја искористија можноста и се вакцинираа во Србија побарал да му биде испратен електронски список со цел ревакцинацијата да ја примат во нашата земја.

Во делот на масовната имунизација најави дека почнуваат подготовките и се очекува во текот на следната недела да биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“. Тука ќе има 30-тина позиции во кои вработени лекари, сестри од Здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата тогаш кога ќе стасааат и дополнителните количини вакцини што се очекуваат од Кина.

Во болниците изминатата недела посебно и викендот исто така огромен број пациенти побарале болничка заштита или им била индицирана после направените прегледи.

– Во делот координација и консултација со сите директори на јавните здравствените установи каде се лекуваат пациенти од Ковид-19 направивме целосна реорганизација и на хирушките клиники и на Клиниката за педијатрија и сега имаме дополнителни стотина кревети празни во овој момент на Клиниката за урологија и два спрата на Клиниката за педијатрија каде може да се примат пациенти. Тоа е нешто што ќе биде резерва за овие следни денови, изјави Филипче.

Како што најави, од  денеска почнува да се користи капацитетот и на Центарот за рехабилитација во Капиштец каде веќе е поставен кислород на еден од катовите. Четириесетина кревети се оспособени да примаат пациенти, а инсталацијата ќе продолжи во следните денови додека не се постави кислород на сите 180 кревети.

Во Куманово, информираше министерот, има голем притисок. Се прават реорганизациски активности во делот на останатите оддели, освен сега зафатените. Штип тоа го координира заедно со болницата во Кочани, Струмица со Гевгелија. Во Кавадарци сериозно е намален притисокот, има сериозно намалување на инциденцата во однос на тоа што беше претходен двонеделен просек, што, вели Филипче, дава за право да мислиме дека тоа е циклусот од шест до осум недели така како што беше оној бран во ноември. Исто така, вели, има доволен капацитет во Велес, Тетово и Гостивар кои им излегуваат во пресрет на третман на пациентите и од Кичево. На истиот начин има координација меѓу Струшката и Охридската болница. Во Прилеп и во Битола се уште не се во функција модуларните болници, нема потреба, а се подготвени да бидат ставени во функција ако за тоа се укаже потреба како резултат на поголем наплив на пациенти.

Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1537 ковид-пациенти и има околу 330 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 869 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19.  Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Куманово 143, Прилеп 112, Охрид 100 и во Битола 76.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 127.240, на оздравени е 105.524, а на починати 3.716. Досега во земјава се направени вкупно 616.862 тестирања за Ковид-19.
Next Post
Фото: РСМ

„Канализацијата“ е привремено одзатната, тоалетот е во употреба!

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk