Пописот, што требаше да почне на 1 април, е одложен и ќе се спроведе од 5-ти до 30-ти септември оваа година. Причината за одлагање е можноста да се создаде имунизација на населението и на попишувачите. Сепак, дијаспората ќе продолжи да се попишува до 30 септември. Тоа беше одлучено на вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Позитивната оценка од ГРЕКО е потврда и показател за нашата јасно изразена политичка волја за спречување и крајно искоренување на корупцијата, рече денеска вицепремиерот Љупчо Николовски. Николовски најави дека во претстојниот период интензивно ќе продолжи спроведувањето на системските реформи што ќе доведе, како што оцени, до создавање функционален систем, со транспарентни институции во служба на граѓаните.
Добивме уште еден охрабрувачки извештај од ГРЕКО, за исполнување на препораките од петтиот круг на евалуација, на тема превенција од корупција и промовирање интегритет на централната власт. Од вкупно 23 препораки Северна Македонија целосно или делумно имплементирала 13 препораки, останатите преостанува да се имплементираат до наредниот извештај, изјави Маричиќ.
Ден по договорот меѓу премиерот Заев и Мицкоски, пописот да се одложи за септември, а во очекување на потврда на овој договор во законодавниот дом на Северна Македонија, ЦИВИЛ ќе одржи уште една дебата на познатата тема „Попис: Статистика, не политика“, денеска, 30 март, со почеток во 13 часот.
Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Состанокот е презакажан за утре, вели министерот Филипче.
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите. Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не даваат многу причини за оптимизам.
Национална техничка група за имунизација против Ковид 19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура. Тука спаѓаат: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, вработени во АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.
Не се многу приликите кога најлутите политички противници во Македонија седнале и нашле заеднички јазик. „Лидерските“ решенија добри за сите – да се поддржат, а системот што не нуди решенија – да се поправи, пишува Петрит Сарачини.
М. Миткоска