ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Европарламентарците ја осудија антимакедонската кампања на својот бугарски колега, Ангел Џамбаски

Изјава од Бирото на делегацијата на ЕП во Заедничкиот парламентарен комитет на ЕУ-Северна Македонија во врска со видеото на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во кое се изнесуваат територијални претензии кон Северна Македонија.

March 31, 2021 21:48
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Андреас Шидер (Социјалдемократи, Австрија), Ирена Јовева (Обнова, Словенија) и Марион Валсман (Европската народна партија, Германија), кои се и потпретседатели на делегацијата, излегоа со заедничка изјава осудувајќи ја потпалувачката политичка кампања на својот колега, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Изјавата ја пренесуваме во целост:

„Изразуваме длабока загриженост во врска со неодамнешното видео на европратеникот, во кое се изнесуваат територијални претензии кон Северна Македонија од страна на партија на Бугарската влада и се покажува отворено непочитување на европските вредности, само заради политичка кампања. Ова е спротивно на основните принципи на ЕУ и Договорот за добрососедски односи помеѓу двете земји.

Длабоко жалиме што видеото отворено изнесува непочитување кон напредокот и напорите што ги има направено Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, кои се признаени од страна на Европскиот парламент, институциите на ЕУ и нејзините земји членки.

Европската унија има за цел поттикнување на мир, демократски вредности и благосостојба на граѓаните, надминување на историски разлики и работење заедно за заедничка иднина. Инсистираме дека Бугарија и Северна Македонија треба да продолжат во нивните напори кон добрососедски односи и треба да се избегнува и да се смета за неприфатлива секоја активност која го прекршува овој дух.

Оттука, ја повикуваме Бугарската влада, вклучувајќи го и Премиерот, да го осудат ова видео објавено од страна на нивниот владин партнер и што е можно појасно да се дистанцираат од каква било потпалувачка реторика заради добивање политички поени и поттикнување националистички идеологии. Потсетуваме дека политиката за проширување мора да биде водена од објективни критериуми, а не да биде попречувана од унилатерални интереси.

Ја повторуваме поддршката на Европскиот парламент кон стратешкиот избор на земјата за нејзина интеграција и ЕУ членство како крајна цел, врз основа на владеењето на правото, отворен демократски дијалог, мултиетничка хармонија и добрососедски односи. Повикуваме на брзо усвојување на преговарачката рамка, со цел избегнување понатамошни одлагања и одржување на првата Меѓувладина конференција што ќе ги отпочнат преговорите за време на Португалското претседателство со Советот, а со тоа признавајќи ги напорите на земјата во процесот на пристапување кон ЕУ“.

Превод: Н. Цветковска/ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Каракачанов: Нека пишуваат што сакаат - каде никаквеците од Стејт Депарментот видоа македонско малцинство во Бугарија?

НАЈНОВО

Били Ајлиш и Илон Маск во жесток онлајн судир поради богатството и одговорноста

November 18, 2025

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk