ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: АстраЗенка е безбедна вакцина за возрасните граѓани, бенефитот од вакцината е многу поголем од несаканите ефекти

March 31, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја започнавме вакцинацијата, во поголемите градови, а во петок ќе почне и во помалите места, односно на територија на цела држава. Ова го порача министерот за  здравство д-р Венко Филипче, за време на посетата на Поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде се вакцинираат граѓани од критична категорија според Националната стратегија за вакцинација.

Последните информации кои во текот на вчерашиот ден стигнаа од страна на регулаторните тела од Германија и Канада, излегоа со препораки и одлучија дека оваа вакцина привремено да ја користат само кај популација постара од 60 години. Иако бројот на лица кај кои се појавиле несакани ефекти е многу мал односно 1 на 125.000 и 1 на 1 милион, сепак поради предострожност бидејќи сакаме да сме сигури нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина, пораќа министерот.

-Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека но сигурно и во таа смисла ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Веќе денеска Германија има и други најави дека ќе се продолжи со вакцинацијата, но после консултација со лекар, но затоа сакаме да бидеме навистина претпазливи. Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, со коишто сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме до Европската Агенција за Лекови и директно до Германското Министерство за здравство. Станува збор за тромботична реакција како резултат од вакцината Астра Зенека кај помлади луѓе и тоа е една реакција на тромбоцитите послешто се ствараат мали згрутчоци на крвта. Станува збор за исклучително мал број на случаи, некаде од 1 на 120.000 до 1 на 1.000.000 но повторно ќе кажам иако се ретки ние сакаме да бидеме многу претпазливи – изјави Филипче.

За граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија, Филипче рече дека засега нема никакви препораки дека нешто превентивно треба да се прави. Станува збор за многу ретки случаи со несакани ефекти, а сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани , согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период. Вакцинацијата со помладата категорија граѓани ќе продолжи кога ќе имаме сигурни податоци, потенцираше минситерот.

-Кај нас има регистрирано досега еден случај на девојка којашто има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект којшто се поврзува со примање на една доза на вакцината Астра Зенека, ја примила во Србија. Имајќи го се ова предвид,  ставовите на овие сериозни Агенции за лекови, Германија и Канада ќе бидеме внимателни и ќе видиме во која насока ќе продолжиме. Искрено верувам дека ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината во смисла на тоа да ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем од ризикот да се добие некаква таква компликација дека ќе може да продолжи, но повторно ќе кажам, нема да брзаме дефинитивно ги чекаме сите препораки од официјалните институции, вклучително можеби и некаква препорака од производителот – порача Филипче.

 

Next Post

За Заев ставовите на Пендаровски и Филипче се израз на слобода, но сепак реакцијата на претседателот не била соодветна

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk