Филипче го коментираше ставот на Пендаровски, кој кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација. Разочаран сум од изјавата на Пендаровски, тој донесе нула вакцини, а тоа кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцини, вели Филипче.
Вакцините „АстраЗенека“ нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Ќе се обратиме до ЕМА, ќе видиме што ќе биде одговорот и ќе постапуваме согласно нивните препораки“, рече Филипче.
Вакцинација на 20.000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава.
Николовски, доцна синоќа објави соопштение во кое најостро реагира на лажните написи на интернет порталот „Лидер“ со наслов „ПОЛИТИКА, ПАРИ, ШВЕРЦ…Владата сериозно се занимава со спречување корупција и шверц и токму поради тоа, ги повикува лицето Љупчо Златев и порталот „Лидер“, веднаш да ги пријават сите информации кои докажуваат или укажуваат на каков било евентуален шверц со тутун, соопшти Николовски.
Премиерот Зоран Заев вечерва ги прими Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор делегација на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор. Со борците од НОВ годинава славиме значајни годишнини, меѓу нив и 80 години од антифашистичкото востание и народноослободителната војна, вели Премиерот.
Шахпаска се обрати на „Generation Equality Forum “, кој се оддржа онлајн оваа година со седиште во Мексико Сити од 29-31 март, во организација на UN Women и владите на Франција и Мексико. Таа потенцираше дека концептот на Владата на Република Северна Македонија „Едно општество за сите“ подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакво право, на човечки, социјален, економски и културен развој.
Тензиите меѓу Северна Македонија и нејзиниот источен сосед Бугарија, кои ја блокираат кандидатурата за членство на Скопје во ЕУ, би требало „природно да се намалат“ по изборите на 4 април во Бугарија, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.
Откако изби пандемијата, Мицкоски и неговата партија и нивните помалку или повеќе послушни приврзоци сложно ѝ се приклучија на инфодемијата. И оп! Дојде Анкл Сем од Америка и додека се испи едно горко кафе, со вкус на внатрешната страна од менгемето, Мицкоски побара тет-а-тет средба со премиерот, пишува Џабир Дерала.
М. Миткоска