ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Филипче разочаран од изјавата на Претседателот, вакцината „АстраЗенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години, Николовски со најостра реакција на лажните вести од интернет порталот „Лидер“

March 31, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче го коментираше ставот на Пендаровски, кој кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација. Разочаран сум од изјавата на Пендаровски, тој донесе нула вакцини, а тоа кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцини, вели Филипче.

Вакцините „АстраЗенека“ нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Ќе се обратиме до ЕМА, ќе видиме што ќе биде одговорот и ќе постапуваме согласно нивните препораки“, рече Филипче.

Вакцинација на 20.000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава.

Николовски, доцна синоќа објави соопштение во кое најостро реагира на лажните написи на интернет порталот „Лидер“ со наслов „ПОЛИТИКА, ПАРИ, ШВЕРЦ…Владата сериозно се занимава со спречување корупција и шверц и токму поради тоа, ги повикува лицето Љупчо Златев и порталот „Лидер“, веднаш да ги пријават сите информации кои докажуваат или укажуваат на каков било евентуален шверц со тутун, соопшти Николовски.

Премиерот Зоран Заев вечерва ги прими Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор делегација на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор. Со борците од НОВ годинава славиме значајни годишнини, меѓу нив и 80 години од антифашистичкото востание и народноослободителната војна, вели Премиерот.

Шахпаска се обрати  на „Generation Equality Forum “, кој се оддржа онлајн оваа година со седиште во Мексико Сити од  29-31 март, во  организација на  UN Women и владите на Франција и Мексико. Таа потенцираше дека концептот на Владата на Република Северна Македонија „Едно општество за сите“ подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакво право, на човечки, социјален, економски и културен развој.

Тензиите меѓу Северна Македонија и нејзиниот источен сосед Бугарија, кои ја блокираат кандидатурата за членство на Скопје во ЕУ, би требало  „природно да се намалат“ по изборите на 4 април во Бугарија, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Откако изби пандемијата, Мицкоски и неговата партија и нивните помалку или повеќе послушни приврзоци сложно ѝ се приклучија на инфодемијата. И оп! Дојде Анкл Сем од Америка и додека се испи едно горко кафе, со вкус на внатрешната страна од менгемето, Мицкоски побара тет-а-тет средба со премиерот, пишува Џабир Дерала.

М. Миткоска

Next Post

Бектеши: Објавени јавни повици за субвенционирање печки на пелети, ПВЦ прозорци, сончеви колектори и фотонапонски панели

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk