Судствтото и обвинителството се на тест секој ден, како што е и Владата како што е и Собранието..од нив зависи каков ќе биде нивниот имиџ дали ќе им биде дека функционираат и испорачуваат правда или имиџот ќе им биде дека одлагаат, застаруваат и не испорачуваат правда.
Има и такви и такви примери. Има примери каде што се испорачува правда навремено и како што треба, но има и примери каде што таа правда се заташкува итн… Јас мислам дека затоа е потребно секој судија да си превземе свој дел од одговороноста, Судскиот совет и Советот на обвинители да бидат будни следачи на тоа што се случува за да со тек на време овие заташкувања бидат исклучок наспроти правилната одлука. Тоа е битката за правосудството…- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во „Студио 10“ на телевизија 24. Дополни дека сите реформи во судството се насочени кон тоа да постои правда за сите и секој граѓанин да биде еднаков пред законот. Потсети дека се донесени пресуди против високи функционери, што не било пример претходно.
Д. Е.