ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Од денеска кризна состојба на дел од територијата, средства за капитални инвестиции во образованието, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде вакцинален центар

April 1, 2021 21:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо-Ивеала ги повика компаниите кои произведуваат вакцини против коронавирусот да ги направат вакцините достапни за секого или да соработуваат со земјите во развој кога станува збор за производството.

Собранието попладнево ја продолжи 38. седница со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Земјотрес со локална магнитуда од 3.2 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 15.05 часот со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje, во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како поминува времето, така сфаќаш каков успех си направил. Победивме гигант, светски шампион, земја која има врвни клубови. Ова е голем успех за Македонија. Овој резултат треба да ни биде водилка за понатаму, не смееме тука да застанеме. За овие натпревари се живее. Ретко се добива шанса да се игра против Германија. Во интервјуата што ги давав во последно време нагласувам дека жалосно би било квалитетот и талентот што го поседуваме да не го покажеме на терен. Се надевам дека оваа победа ќе не „држи“ уште многу време, изјави попладнево Ристовски

Групата за процена му предлага на Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на дел од територија на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, наведува ЦУК.

Владата денеска на седница го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“

Владината прес-служба соопшти дека инвестицииите се за градежни работи за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во износ од 3.300.000 денари, 31.400.000 денари за реконструкција на основни училишта, 2.800.000 денари за реконструкција на средни училишта и 11.200.000 денари за Студентскиот дом -Тетово.

Владата на денешната седница донесе Одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање мигранти, како и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

САД ја предупредија Русија да не и се заканува на Украина

НАЈНОВО

Скриншот

Договорено примирје меѓу Авганистан и Пакистан по разговорите во Катар и Турција

October 19, 2025

Народен правобранител: Бесплатна линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 19, 2025

„Хуморот е кисел, балканската реалност непроменета“ – „Hароден пратеник“ на МНТ со овации во Брчко

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk