ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Д-р Даниловски: Едвај се наоѓа време да се отспие некој саат, нема назад

April 2, 2021 11:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема назад!

Се наоѓаме во фаза спроти епилогот на пандемијава, голгота подолга од година дена, на која едвај ѝ се наѕира крајот – барем кај нас.

Луѓето се очајни, одделени од своите најблиски во болниците или во изолација дома. Во моменти на егзистенцијална опасност, ние инстинктивно посакуваме да бидеме до семејството и пријателите – но сега, секој физички контакт – секој израз на љубезност и сочувство – може да донесе некому болест и смрт.

Но, дали е тоа баш така?

Пандемијата ни влепи шлаканица: Ако толку сме биле приврзани со семејството, зошто покажавме толку малку грижа за своите ближни? Од каде толку егоизам? Каде е вината? Во институциите на системот? Во лошото образование? Веројатно делумно, да!

Основна клетка во општествениот организам е семејството. Во нашево општество таа клетка се покажа дека е само форма без содржина!

А нефункционални клетки значат и нефункционална целина. Едноставна вистина!

Пандемијата ни покажа колку страшно сме си го арчеле животот, преокупирани со бесконечни битки за богатство, статус, моќ.

Живот со искривоколчен систем на вредности…

Осамна суровата вистина за општеството наше модерно – дека тоа е само „ментален концепт, а дека реалниот свет е свет на индивидуалци“ (Оскар Вајлд)… А јас би додал – свет на егоисти, социопати и психопати – свет на очајни осаменици.

Пандемијата ни покажа колку е страшно да си сам.

И очајнички да се обидуваш да не бидеш сам.

Ама не во семејството, туку во некакви сурогати/супститути на семејство – журки, седенки, секојдневни средби со „друштвото“, по кафеани… за да си заминеш уште поосамен… и попразен. И погневен.

Што, пак, резултира(ше) со влошување на заканите по здравјето – индивидуалното и колективното – во актуелнава ситуација.

Заради што на секој чекор сведочиме за десетици изгубени животи…

А тоа, пак, раѓа уште поголема несигурност… и уште пожестоки обиди да се „пикне главата в песок“. И да се глуми безгрижност…

И така влеговме во морбидна спирала – circulus viciosus…

Многумина се свртеа кон социјалните мрежи – за дружба, но и за стручен совет – во услови на пренатрупан здравствен систем. Се формираа групи за размена на искуства, за совети. Се создаде еден виртуелен свет на социјални контакти, место за дружба!

Колку и да е неприфатливо од стручен и етички аспект медицински совети да се даваат на далечина, многумина од нас докторите се обидуваме да излеземе во пресрет на многумина граѓани – секој од нас во рамките на својата експертиза.

Ама, не само тоа. На луѓето им треба и топол збор на поддршка, подадена рака… За полесно да им биде. И за да не се чувствуваат осамени. И напуштени… Особено последното.

Не сме се договарале претходно меѓусебно. Едноставно, спонтано – секој колку што му дозволува времето – го прифативме предизвикот. Десетици дневно се обраќаат и со приватни пораки… Едвај се наоѓа време да се отспие некој саат.

Знам дека исто си поминуваат и моите колеги Никола, Нико, Љиљана, Ненад, Ана… и многу други (нека не замерат што не можам сите да ги спомнам, ама јавноста ги знае).

Нема назад…

Дали граѓаните ги почитуваат советите? Да, без исклучок. Среќен сум заради тоа.

Знам дека современиве средства за комуникација – не само социјалните мрежи – ги користат и сите други колеги – особено матичните доктори.

Им оддавам признание, зашто, сите тие – вистинските херои на пандемијава (не само кај нас) – прифаќајќи да бидат еден вид надворешни членови на семејствата, потпорни столбови – играат улога на „пастири на своето стадо“, но и една друга – извонредно важна – улога на кохезиона сила, туткал, што цврсто ги спојува во целина сите камчиња на мозаикот наречен семејство – но и на здравствениот систем.

И по оваа катаклизма, во „денот потоа“, тие, матичните (и се разбира, сите други здравствени работници), ќе играат клучна улога во што побрзо закрепнување на секое семејство и на општеството во целина.

Нема назад!

Фејсбук објава од епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски

 

Next Post

Пладневен преглед: Премиерот Заев со пораки за поддршка и солидарност на светскиот ден на свесноста за аутизмот, се очекуваат дополнителни вакцини, Собранието ја почна постапката за одложување на пописот

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk