ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Премиерот Заев со пораки за поддршка и солидарност на светскиот ден на свесноста за аутизмот, се очекуваат дополнителни вакцини, Собранието ја почна постапката за одложување на пописот

April 2, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
На Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ве повикувам да се поддржуваме едни со други и да покажеме солидарност со лицата со аутизам, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил. Заев потенцира дека Светскиот ден на свесноста за аутизмот е ден кога ги афирмираме и славиме инклузивноста на лицата со аутизам.

Откако Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од втората донација, во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник В“. Но, како што најави премиерот Зоран Заев, државата ќе набави и 500.000 „Синовак“, масовната вакцинација е приоритет.

Собранието ја почна постапката за одложување на пописот, што би се одржал од 5 до 30 септември. Пратениците вчера ја изгласаа потребата од донесување на Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, поднесен од Владата.

Словачка е силен поддржувач на евроинтеграциските стратегиски цели на вашата земја. Оттука, предвидена е можност за воспоставување соработка во повеќе сегменти, меѓу другото и во доменот на централнобанкарското работење. Народната банка е силен партнер за остварување на овие предвидени активности, вели словачкиот амбасадор Хенрих Маркуш.

Чудна сорта од народ сме ние Македонците…Тоа што Бугарите и ден денес не можат да го разберат, да го прифатат, да го признаат нашиот идентитет и јазик, е нивни проблем, тој никад не бил проблем на Тито или на нас Македонците. Мие и сега, и секогаш сме ги сакале Бугарите. Еј, човек, Балканов е грдосија од извртени луѓе кои у демократијава се распослаа ко прашњав тепих, неистресен со векови и ја гуши територијава, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

Никој со сигурност не може да каже колку пари се вртат во креирањето и ширењето на црните кампањи. Сè повеќе луѓе избираат теории на заговорот и сензационални наслови, наместо информации и факти. Сè повеќе луѓе забораваат на основните правила на пристојноста и избираат да бидат вулгарни и лигави. Може ли полошо од ова? Може, може! Секогаш може полошо!- пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

Луѓето се очајни, одделени од своите најблиски во болниците или во изолација дома. Во моменти на егзистенцијална опасност, ние инстинктивно посакуваме да бидеме до семејството и пријателите – но сега, секој физички контакт – секој израз на љубезност и сочувство – може да донесе некому болест и смрт, пишува на Фејсбук епидемиологот Данаиловски.

Повеќе од 40 мини винарници како мали семејни бизниси се регистрирани за неполна година. Освен во Тиквешко, како познат вински регион, мали винарии се регистрирани и во Прилеп, Битола, Скопје, Куманово.

М. Миткоска

Next Post

Состојбата со коронавирусот во светот во последната недела

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk