ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Се наоѓаме пред критични два месеци

April 2, 2021 16:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Се наоѓаме пред еден критичен период од два месеци во битката со Ковид-19, вистина е дека ова го имаме кажано многупати, но веќе со право се надеваме дека е последен, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на расправата во Парламентот на ниво на лидери на партии за пандемијата и економијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека управувањето со пандемијата е маратон, а не спринт, истакна дека постои замор кај граѓаните од континуираните рестрикции, а споменувајќи ги најавените олабавувања на мерките, потенцираше дека не станува збор за отворање, туку за прилагодување.

-Внимавајте, погрешно е да говориме за отворање. Погрешно е да говориме за отворање, многу поправилно е да говориме за одново прилагодување на активностите и затоа Владата, во соработка со експертите, донесе низа одлуки, рече Мицотакис и не ја исклучи можноста, доколку има појави на собири, повторно да се вратат рестрикциите.

Се осврна и на новиот тип тестови за домашна употреба што ги воведува Владата, т.н „self tests“, а како пример спомена дека може да помогнат за почеток на наставата во средните училишта, односно учениците да се тестираат 24-48 часа пред отворањето на училиштата.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, упати остри критики до Владата за начинот со кој се справува со пандемијата, рече дека просечен граѓанин не може да разбере што кажуваат, но и дека граѓаните изгубиле доверба во Владата.

-Секој ден ја подготвувате грешката што ќе ја направите следниот ден. Трагични грешки во стратегијата. Со 1.000 случаи локдаун, со 4.500 случаи отворање на активности. Како да просечен граѓанин да разбере?, истакна Ципрас додавајќи дека еден министер од Владата „кажува затвораме, друг вели отвораме“, а „истото се случува и со вакцините“.

Next Post

Синовак го зголеми годишниот производствен капацитет на две милијарди вакцини

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk