ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Вакцините стигаат, исплатени се ученичките и студентските стипендии, во светска пандемија имаме покачување на минималната плата

April 2, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев направи збир на сите вакцини кои ги очекуваме во државата, а тоа се вкупно 2,6 милиони што би биле доволни за вакцинација на 1,3 милиони граѓани што е солидна бројка.

Согласно новиот начин и динамика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставен на почетокот на тековната календарска година, Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средствата за месец април на сите корисници на стипендија.

Минималната плата се усогласува до крајот на март, согласно трите параметри од претходната година, односно една третина од порастот на просечната плата од минатата година, една третина од порастот на трошоците за живот и една третина од една третина од растот на бруто домашниот производ. Оваа година минималната плата ќе биде 15.194 денари

Министерката Шахпаска на своето гостување на Топ Тема на ТВ Телма истакна дека дилемата за пресметката на растот на минималната плата е во  толкувањето на законот.

Ние имаме доволно места во болниците, со монтажните болници што ги оспособивме, а втора работа е истоштеноста на здравствениот персонал, но има одличен менаџмент, има солидарност, даваат аферим медицински сестри и доктори од други клиники, се борат за секој живот за здравјето на секој граѓанин, истакна Заев.

Откако реконструиравме многу болнички капацитети, поздравувам што Мицкоски конечно направил нешто корисно и одлучил да го поправи прозорецот во болничката соба – се надевам не е како зимоска со снегот, не дочистил ни пред себе, а камо ли пред соседот“ – одговори Зоран Заев на прашање од својот домаќин во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5 вечерва нагласи дека сега е најважно што започна процесот за масовна вакцинација и дека се работи на тоа да се обезбедат сите услови овој процес да не биде прекинат и во таа насока се добредојдени вакцините „Спутник В“ од последната донација од Република Србија.

Прво треба да најдеме решение со Бугарија билатерално и тоа е патот“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Канал 5 и додаде дека договорите со Грција и Бугарија ги постигнавме билатерално, а потоа на сцена да стапи ЕУ да ни го испорача тоа што го заслуживме.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се преговара никаде во свет. Тоа го сфати Алексис Ципрас, тоа е чувство. Драго ми е што Бугарија ја прифаќа реалноста за јазикот и идентитетот, е сега викаат корењата, но ние сакаме тие прашања да ги оставиме на историчарите, но тоа да не биде пречка за иднината. Што правиме со историјата сега што ја пишуваме јас и Борисов? Дали ние ќе напишеме убава или грозна историја?“- потенцираше Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk