„Откако реконструиравме многу болнички капацитети, поздравувам што Мицкоски конечно направил нешто корисно и одлучил да го поправи прозорецот во болничката соба – се надевам не е како зимоска со снегот, не дочистил ни пред себе, а камо ли пред соседот“ – одговори Зоран Заев на прашање од својот домаќин во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Да се потсетиме. Мицкоски минатата зима даваше „пример“ пред јавноста со чистење снег. Арно ама, тимот на а1он го разобличи. Погледнете како тоа изгледаше пред очите на јавноста, а како во реалноста.