„Имав разговор со Борисов кога ми честиташе за избор на лидер на СДСМ, им посакав да одат напред, да имаат успех на нивните изборите, тој очекува да победи и тој е подготвен веднаш да седне да зборуваме. Тој навлегува секогаш во суштината на проблемите и решението мора да е добро за двете страни. Договорите не биле среќна околност секогаш за сите. Ако го следиме пак, договорот со Грција гледаме дека носи перспектива на двата народа. Насетувам дека прозорецот на решението е отворен. Со тоа што го потврдуваат нашиот јазик и народ, тоа мора да биде на сигурно, кој народ ќе влезе во ЕУ ако не македонскиот, со кој јазик ако не македонскиот? Делот во историјата може на елегантен начин да не помири, дека во еден дел сме имале заедничка историја, во друг сме немале. Постојат документи насекаде за историјата, ама нека кажат историчарите, не можеме јас Османи, Борисов и Захариева тоа да го кажеме. Обезличени во ЕУ нема да влеземе додека сум јас, во тоа сум сигурен.“- изјави премиерот Зоран Заев, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Дополни дека многу од прашањата ќе мора да ги решат историчарите, но нагласи дека е важно каква историја ќе напишат сегашните политичари.
„Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се преговара никаде во свет. Тоа го сфати Алексис Ципрас, тоа е чувство. Драго ми е што Бугарија ја прифаќа реалноста за јазикот и идентитетот, е сега викаат корењата, но ние сакаме тие прашања да ги оставиме на историчарите, но тоа да не биде пречка за иднината. Што правиме со историјата сега што ја пишуваме јас и Борисов? Дали ние ќе напишеме убава или грозна историја?“- потенцираше Заев.